104 | Македонски
Употреба
Совети при работењето
Секогаш држете го добро делот што се обработува,
особено долгите, тешки делови. Откако ќе го пресечете
делот што го обработувате, тежиштето може да се
помести во неповолна позиција и работната маса може да
се преврти.
Не ја преоптоварувајте работната маса. Почитувајте ја
максималната подносливост на работната маса.
Подготовка на подлогата на делот за
обработка
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Поставување на висината на основата на делот за
обработка (види слика E)
– Поставете го делот за обработка на масата за сечење
на електричниот алат.
– Олабавете го копчето за фиксирање (5) и прилагодете
ја висината на потпората со валјак (7) така што делот
за обработување ќе налегне право.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање.
Сечење делови со еднаква должина (види слика F)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите граничникот за должина (8).
– Повлечете го граничникот за должина (8) нагоре
додека не се вклопи.
– Позиционирајте ја основата на предметот за
обработка (1) на саканото растојание до сечилото за
пила на електричниот алат.
– За вметнување на граничникот за должина (8)
навалете го граничникот за должина навнатре и
притиснете го надолу.
Продолжување на работната маса (види слика G)
Работната маса може да се продолжи од двете страни.
– За стабилизирање на работната маса при обработка на
долги и тешки делови за обработка, продолжетокот за
масата може да го потпрете (2) со потпорна
ногарка (13).
– Поставете го подолгиот дел за обработка на масата за
сечење на електричниот алат.
– По потреба олабавете го соодветното копче за
фиксирање (3) и повлечете го продолжетокот за
маса (2) до саканото растојание.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање.
Монтажа на опрема
Потпорна ногарка за потпирање на продолжетокот за
масата (види слика H)
За стабилизирање на работната маса при обработка на
долги и тешки делови за обработка, продолжетокот за
масата може да го потпрете (2) со потпорна ногарка (13).
1 609 92A 6JA | (22.04.2021)
Потпорната ногарка (13) може да ја прицврстите лево
или десно на работната маса.
– Олабавете го копчето за фиксирање (3) и повлечете го
малку нанадвор продолжетокот на масата (2), кој
треба да биде потпрен.
– Вметнете ја главата за завртување (13) во
внатрешниот жлеб на продолжетокот на масата (2).
– Прицврстете ја потпорната ногарка (13).
– Вртете ја висината на потпорната ногарка (13)
навнатре или нанадвор додека работната маса не се
израмни.
Транспортно тркало и транспортен граничник за брза
промена на локацијата на користење (види
слики I1−I2)
Транспортното тркало (12) Ви овозможува транспорт на
работната маса од една до друга локација на користење,
без да мора да ги вадите монтираните стационарни пили .
Транспортното тркало (12) може да го прицврстите лево
или десно на работната маса.
– За монтажа користете го сетот за прицврстување (20).
– Поставете ја работната маса со ногарките склопени
нагоре на подот.
– Зацврстете ги транспортните тркала со помош на
четирите завртки и навртки на саканото место со
работната маса.
За тоа служи испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава (14).
– Свртете ја работната маса во работна положба.
– На страната на работната маса, на која се прицврстени
транспортните тркала, олабавете го копчето за
фиксирање (3) и продолжетокот на масата повлечете
го малку нанадвор (2).
– Вметнете го транспортниот граничник (11) во горниот
жлеб на работната маса и поместете го транспортниот
граничник до сетот за прифатот (4).
– Затегнете ја завртката со шестаголна глава на
граничникот со испорачаниот клуч за
втиснување (14).
При транспорт, сетот за прифат со монтираниот
електричен алат не може повеќе да се помести.
Транспорт (види слика J)
Кога ја преместувате работната маса, мора да ја
склопите.
– Доколку некоја потпорна ногарка (13) е монтирана,
извадете ја.
– Вметнете ги продолжетоците на масата (2) целосно
навнатре.
– Навалете ги сите ногарки навнатре (сигурносен
клин (15), притиснете ги навнатре; ногарката навалете
ја надолу додека не слушнете дека сигурносниот клин
повторно се вклопил).
– Посегнете во отворот на рачката и подигнете ја
работната маса.
Bosch Power Tools