• редовно проверувајте ги дихтунзите на
вратата и бришете ги за да бидат чисти
и без нечистотии.
• избришете и исушете ги темелно.
ВАЖНО Не влечете ги, не поместувајте ги
и не оштетувајте ги цевките и/или каблите
во фрижидерот.
Не користете детергенти, груби прашоци,
многу парфимирани средства за чистење
или восок за полирање за чистење на
внатрешноста, бидејќи така може да се
оштетат површините и да остане силен
мирис.
Еднаш годишно извадете ја решетката за
вентилација, во основата на апаратот, и
исчистете ги воздушните канали со
правосмукалка. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
ВНИМАНИЕ Внимавајте да не го
оштетите системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што може
да ја нагризат или оштетат пластиката на
апаратот. Поради тоа, се препорачува
надворешноста на апаратот да се чисти
само со топла вода со малку течност за
миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската преграда
секогаш кога моторниот компресор ќе
престане да работи во текот на
вообичаената употреба. Водата од
одмрзнувањето истекува во посебен сад
од задната страна на апаратот, над
моторниот компресор, од кој што
испарува.
www.zanussi.com
Важно е повремено
да се исчисти
дупчето за
истекување на
водата од
одмрзнувањето (F)
сместено под
фиоките за салати
за да се спречи
прелевање на
водата и нејзино
капење врз храната
внатре. Користете
го приложениот
специјален чистач
(P), што ќе го
најдете веќе
вметнат во дупчето
за истекување.
Одмрзнување на замрзнувачот
Околу горната преграда секогаш се
формира малку мраз.
ВАЖНО Одмрзнете го замрзнувачот кога
слојот мраз ќе достигне дебелина од околу
3-5 мм.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
3. Отворете ја вратата.
4. Кога одмрзнувањето е завршено,
темелно исушете ја внатрешноста.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температурата да добиете
максимално ладење и оставете го
апаратот да работи два-три часа со
оваа поставка.
7. Вратете ја извадената храна во
комората.
P
F
51