Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 56
За да бидете сигурни дека оваа базна станица ќе остане во добра работна состојба, важно е да ја одржувате чиста и да вршите
рутинско одржување, како што е опишано подолу. Сите постапки на сервисирање треба да ги врши исклучиво квалификуван
сервисер, со следење на Прирачникот за техничко сервисирање (Technical Service Manual - TSM).
Електричните шеми и листата на составните делови, како и сите други информации за сервисирање што ќе му помогнат на
квалификуваниот сервисер да изврши поправка на деловите што се означени како делови кои може да се поправаат, се достапни
на барање кај компанијата CareFusion.
A
Доколку базната станица падне, биде оштетена, или доколку е изложена на прекумерна влага или висока температура,
потребно е веднаш да ја повлечете од употреба заради испитување од страна на квалификуван сервисер.
Сите превентивни и корективни мерки на одржување и сите такви активности ќе се вршат на усогласено работно место
во согласност со доставените информации. CareFusion не прифаќа одговорност доколку кое било од овие дејства
се изврши без почитување на упатствата или на информациите дадени од страна на CareFusion.
Интервал
Кога поставувате Alaris®
пумпа за инфузија
Кога отстранувате Alaris®
пумпа за инфузија
Според болничките правила
Најмалку еднаш годишно
(За идентификација на делови,
погледнете во Прирачникот за
техничко сервисирање)
Доколку индикаторската светилка за наизменична струја не свети кога базната станица е поврзана со напојување со наизменична
струја и е вклучена, осигурувачот за напојување со електрична енергија во приклучокот за наизменична струја, доколку е монтиран,
е прегорен, или се прегорени внатрешните осигурувачи.
Прво проверете го осигурувачот за напојување со електрична енергија во приклучокот за наизменична струја, доколку е монтиран.
Доколку индикаторската светилка за наизменична струја не свети, повлечете ја базната станица од употреба.
Се препорачува осигурувачите за наизменична струја да ги менува само квалификуван сервисер. За дополнителни информации во
однос на замена на внатрешни осигурувачи за наизменична струја, погледнете во Прирачникот за техничко сервисирање.
Доколку осигурувачите продолжат да прегоруваат, постои сомневање за електричен дефект; повикајте
A
квалификуван сервисер да ги провери пумпата и електричното напојување.
Одржување
Рутинско одржување
Рутинско одржување
Проверете дали секоја пумпа е исправно поставена на нејзините електрични конектори и дали
е механички блокирана на своето место.
Проверете дали црвената LED-диода се исклучува откако сте ја извадиле пумпата. Доколку
LED-диодата останува вклучена, потребно е сервисирање на базната станица од страна на
квалификуван сервисер.
Исчистете ги темелно надворешните површини на базната станица пред или по период на
долго складирање.
1. Проверете дали има оштетувања на излезните приклучоци за наизменична струја,
конекторите за комуникација, прекинувачот за напојување со наизменична струја и каблите.
2. Извршете проверки на електричната безбедност. Мора да се измери истекувањето на струја
во целата единица. Доколку истекувањето е поголемо од 500 μA, базната станица не смее да се
користи, туку треба да биде дадена на сервисирање на квалификуван сервисер.
Замена на осигурувачи за наизменична струја
1000DF00444 Iss. 2
207/210

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido