Полнење На Батеријата - Bosch GBH 36 V-LI Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GBH 36 V-LI Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
OBJ_BUCH-3033-001.book Page 185 Friday, September 30, 2016 11:26 AM
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата
Батеријата 17 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 12.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
Bosch Power Tools
За да ја извадите батеријата 17:
– Притиснете ја батеријата наспроти основата на
електричниот апарат (1.) и истовремено на копчето за
отворање 12 (2.).
– Извлечете ја батеријата од електричниот апарат,
додека не се појави една црвена лента (3.).
– Уште еднаш притиснете го копчето за отворање 12 и
целосно извадете ја батеријата.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 15 ја покажуваат наполнетоста на батеријата
17. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
– Притиснете го копчето 16, за да се прикаже
наполнетоста на батеријата (ова исто така е возможно и
кога е извадена батеријата). По околу 5 секунди
приказот за наполнетост сам се гаси.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 16 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
За време на процесот на полнење трите зелени LED светла
светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е
целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла
постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни
целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се
гасат.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 19.
Свртете ја дополнителната дршка (види слика A)
Дополнителната дршка 19 може да ја вртите по желба, за
да си овозможите безбедна и неуморна работа.
– Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 19
наспроти движењето на стрелките од часовникот и
навалете ја дополнителната дршка 19 во саканата
позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на
дополнителната дршка 19 во правец на стрелките од
часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да
легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Македонски | 185
Капацитет
2/3
1/3
<1/3
Резерва
1 609 92A 2CT | (30.9.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gbh 36 vf-li professionalProfessional gbh 36 v-liProfessional gbh 36 vf-li

Tabla de contenido