Вметнување На Патрон; Ставање Во Употреба - Bosch GCG 18V-600 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCG 18V-600 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
Ако за прв пат го користите пиштолот за силикон или
претходно се користела тубуларна ќеса, бидете сигурни
дека се монтирани пластичната шајбна за
истиснување (4) и металната шајбна за истиснување (5).
Постапете на следниот начин:
– Одвртете го капачето за затворање (1) од држачот за
ќеси и патрони (2).
– Ослободете ја назабената шина (7) со отклучувањето
на назабената шина (12) и повлечете ја наназад.
– Исечете ја тубуларната ќеса на предната страна и
вметнете ја во држачот за ќеси и патрони.
– Поставете соодветен отвор за истекување и затворете
го држачот за ќеси и патрони (2) со капачето за
затворање (1).
– Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина
нанапред, додека пластичната шајбна за
истиснување (4) не ја допре тубуларната ќеса.
– Евентуално исечете го отворот за истекување според
Вашите потреби.
Ако пиштолот за силикон претходно се користел со
патрон, постапете на следниот начин (види слика A):
– Ослободете ја назабената шина (7) со отклучувањето
на назабената шина (12) и повлечете ја надолу.
– Одвртете го држачот за ќеси и патрони (2) од
пиштолот за силикон.
– Извадете го алуминиумскиот диспензер за
истиснување (6), свртете го за 180° (свитканата
страна да покажува кон назад) и повторно вметнете го.
– Поставете го алуминиумскиот диспензер за
истиснување (6) на металната шајбна за
истиснување (5) и врз тоа пластичната шајбна за
истиснување (4). Свртете ја затезната навртка (3) на
навојот и затегнете ја.
– Навртете го држачот за ќеси и патрони (2) на пиштолот
за силикон. Притоа цврсто држете го сврзното
капаче (8).
– Одвртете го капачето за затворање (1) од држачот за
ќеси и патрони (2).
– Исечете ја тубуларната ќеса на предната страна и
вметнете ја во држачот за ќеси и патрони (2).
– Поставете соодветен отвор за истекување и затворете
го држачот за ќеси и патрони (2) со капачето за
затворање (1).
– Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина
нанапред, додека пластичната шајбна за
истиснување (4) не ја допре тубуларната ќеса.
– Евентуално исечете го отворот за истекување според
Вашите потреби.
Вметнување на патрон
Ако пиштолот за силикон претходно се користел со
патрон, постапете на следниот начин:
– Ослободете ја назабената шина (7) со отклучувањето
на назабената шина (12) и повлечете ја наназад.
– Одвртете го капачето за затворање (1) од држачот за
ќеси и патрони (2).
Bosch Power Tools
– Исечете го патронот на предната страна и навртете
отвор за истекување.
– Вметнете го патронот и затворете го држачот за ќеси и
патрони (2) со капачето за затворање (1).
– Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина
нанапред, додека металната шајбна за
истиснување (5) не го допре патронот.
– Евентуално исечете го отворот за истекување според
Вашите потреби.
Ако пиштолот за силикон претходно се користел со
тубуларна ќеса, постапете на следниот начин (види
слика B):
– Ослободете ја назабената шина (7) со отклучувањето
на назабената шина (12) и повлечете ја наназад.
– Одвртете го држачот за ќеси и патрони (2) од
пиштолот за силикон.
– Извадете ги пластичната шајбна за истиснување (4) и
металната шајбна за истиснување (5) со притискање
на пластичната шајбна за истиснување надолу.
– Извадете го алуминиумскиот диспензер за
истиснување (6), свртете го за 180° (свитканата
страна да покажува кон напред) и повторно вметнете
го. Затегнете го алуминиумскиот диспензер за
истиснување (6) со затезната навртка (3).
– Навртете го држачот за ќеси и патрони (2) на пиштолот
за силикон. Притоа цврсто држете го сврзното
капаче (8).
– Одвртете го капачето за затворање (1) од држачот за
ќеси и патрони (2).
– Исечете го патронот на предната страна и навртете
отвор за истекување.
– Вметнете го патронот и затворете го држачот за ќеси и
патрони (2) со капачето за затворање (1).
– Внимателно вметнете ја отклучената назабена шина
нанапред, додека металната шајбна за
истиснување (5) не го допре патронот.
– Евентуално исечете го отворот за истекување според
Вашите потреби.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни
за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно
функционирање или до оштетување на истиот.
Наполнетата батерија ставете ја (18) од задната страна
навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно
притиснете ја батеријата во подножјето, додека не се
заклучи.
Македонски | 143
1 609 92A 51G | (14.03.2019)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gcg 18v-600

Tabla de contenido