Одржување И Сервис - Bosch GRB 14 CE Professional Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
OBJ_BUCH-1843-003.book Page 110 Wednesday, December 16, 2015 8:15 AM
110 | Македонски
 Доколку користите волнена лента, поставете
максимален степен на број на вртежи 4. Инаку
волнената лента ќе стане жешка.
Совети при работењето
Обработката на цевката се врши помеѓу водечките валјаци
8 и 10 (види слика D).
Колку е помал дијаметарот на цевката, толку е поголем
можниот агол на превиткување (≤270°).
Капацитетот на отстранување при брусење на површини,
во главно, се одредува со изборот на брусна лента како и
претходно избраната брзина на движење на лентата.
Работете со што е можно помал притисок на површината,
за да го продолжите рокот на употреба на брусните ленти.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусната лента.
Работете со умерени движења, вршете го брусниот
процес паралелно и со преклопување кон брусните шини.
За постигнување на перфектна површина, не користете
брусни ленти со гранулација поголема од едно зрно.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Само беспрекорните брусни ленти може да придонесат за
добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
 Прицврстете го електричниот апарат на работната
маса. Прицврстените електрични апарати и острите
алати за вметнување може да предизвикаат тешки
повреди.
Складирање на брусните средства
Брусните средства складирајте ги во оригиналното
пакување на собна температура од 15 °C – 25 °C и
40 % – 70 % влажност на воздухот.
Не ги складирајте брусните средства на бетонско дно, во
близина на отворени прозори и греење.
Не ги виткајте брусните ленти, бидејќи ќе станат
неупотребливи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Отстранете ја насобраната прав од брусењето со една
четка.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
1 609 92A 1FG | (16.12.15)
Промена на водечките валјаци (види слика E)
– Извадете ги шрафовите на водечките валјаци 8 и 10.
Извадете ги водечките валјаци 8 и 10 како и
дистанцерите.
– Вметнете ги шрафовите низ новите водечки валјаци 8 и
10. Монтирајте ги новите дистанцери на шрафовите.
– Монтирајте ги водечките валјаци 8 и 10 зацврстете ги
шрафовите.
Менување на погонскиот валјак (види слика F)
– Притиснете на блокадата на вретеното 3, за да го
зацврстите вретеното за брусење.
– Олабавете го погонскиот валјак 1 со клуч со два отвори
(опрема) и извадете го погонскиот валјак 1.
– Монтирајте го новиот погонски валјак 1 со клуч со два
отвори.
– Отпуштете ја блокадата на вретеното 3.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и електронски
уреди и нивна национална употреба, елек-
тричните апарати што се вон употреба
мора одделно да се собираат и да се реци-
клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 601 8a9 070

Tabla de contenido