Bosch GO Professional Manual Original página 278

Ocultar thumbs Ver también para GO Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
278 | Македонски
Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи.
u
Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто
не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови,
ќе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен
u
пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете
или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на
прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто
прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го
u
вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна
u
положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот
алат во непредвидливи ситуации.
Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и
u
алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека,
накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети,
u
проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина
може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве
u
направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во
дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен
u
алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и
побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со
u
помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на
u
батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие
превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на
електричниот алат.
1 609 92A 6M4 | (21.05.2021)
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido