OBJ_BUCH-1124-004.book Page 129 Wednesday, August 27, 2014 11:05 AM
Батериски ударни дупчалки-одвртувачи
Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 60745-1, EN 60745-2-1, EN 60745-2-2.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
27.08.2014
Монтажа
Полнење на батеријата
Новата батерија или батеријата што не е употребувана
подолго време, полната јачина ја достигнува по околу 5
циклуси на полнење и празнење.
За да ја извадите батеријата 6 притиснете на копчињата за
отворање 7 и извлечете ја батеријата надолу од
електричниот уред. Притоа не употребувајте сила.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Замена на алатот (види слика A)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 9 не е
притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот
што се вметнува во главата за дупчење.
Bosch Power Tools
GSB 12-2
кг
Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 1 со вртење
во правец , додека не се стави алатот. Вметнете го
алатот.
Чаурата на брзозатезната глава 1 свртете ја цврсто ја во
правец , додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата
автоматски се заклучува.
Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch O-Pack батерии со
напон кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот електричен уред. Користењето друг вид
батерии може да доведе до повреди и опасност од
пожар.
Прекинувачот за менување на правецот на вртење 8
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија 6 вметнете ја во
дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.
Поставете го правецот на вртење (види слика B)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 8
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 9 е притиснат ова не е
возможно.
Македонски | 129
GSB 14,4-2
1,6
1,7
1 609 92A 0X4 | (27.8.14)