www.motralec.com / service-commercial@motralec.com / 01.39.97.65.10
OBJ_BUCH-480-003.book Page 92 Friday, March 28, 2014 9:17 AM
92 | Македонски
Менување на правецот на сечење
За да го смените правецот на сечење може да го свртите
држачот на матрицата 4 во три позиции, поместени за 90°.
Правецот на сечење наназад (кон куќиштето) не е можен.
За да го свртите држачот на матрицата 4 олабавете го
шрафот 2 , така што држачот на матрицата ќе може да се
врти. Свртете го за 90° кон надолжната оска на
електричниот апарат на десната или на левата страна.
Внимавајте шрафот 2 да влезе во отворот на држачот на
матрицата 4. Затегнете го шрафот 2.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот апа-
рат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Електричниот апарат не е погоден за стационарна
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Носете заштитни ракавици за време на работата и
особено внимавајте на струјниот кабел. На исечените
лимови се создаваат остри рабови, на кои може да се
повредите или да го оштетите струјниот кабел.
Внимавајте на струготините настанати од сечењето.
Струготините имаат остри врвови, на кои може да се
повредите.
Доколку е вклучен, не го водете електричниот апарат
директно кон делот што се обработува. Секогаш држете го
електричниот апарат вертикално на површината на лимот
и не го навалувајте.
Сечењето се врши при спуштањето на втиснувачот.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Електричниот апарат работи помирно, доколку се подигне
малку при сечењето. Доколку при сечењето се заглави
втиснувачот, исклучете го електричниот апарат,
подмачкајте го втиснувачот и олабавете го лимот. Не
употребувајте сила, бидејќи може да се оштетат
втиснувачот и матрицата.
Максимална дебелина на лимот за сечење
Максималната дебелина на лимот за сечење d
од цврстината на материјалот кој се сече.
Со електричниот апарат може да се исечат лимови со
следната дебелина, право и без деформација:
Материјал
Челик
Алуминиум
Подмачкување/ладење на втиснувачот
За да го продолжите животниот век на втиснувачот 3,
треба да употребите средство за подмачкување со добра
функција на ладење (напр. масло за сечење).
3 609 929 C96 | (28.3.14)
зависи
max
макс. цврстина
d
max
2
[N/mm
]
[мм]
400
1,6
600
1,0
800
0,7
200
2,0
Нанесете еден слој од средството за подмачкување на
горната страна на лимот по должина на планираната
линија на сечење. При подолго работење или работа со
зголемено триење (напр. сечење на алуминиум) треба
редовно да го потопувате алатот за вметнување во сад со
средство за подмачкување.
Сечење според вцртана линија или со шаблон
Правите резови може полесно да се изведат, доколку го
водите електричниот апарат по должина на линијар.
Контурите може да се исечат со водење на електричниот
апарат по должина на шаблонот.
За внатрешни изрези потребен е отвор со дијаметар од
21 мм.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
На секои 3 часа исчистете ги и подмачкајте ги втиснувачот
3 и матрицата 5.
Доколку се истрошени втиснувачот и матрицата, навреме
заменете ги, бидејќи квалитетно сечење може да се
постигне само со остри алати и со нега на електричниот
апарат.
Втиснувачот 3 и матрицата 5 не смеат да се острат
дополнително.
Менување на матрицата
Отшрафете го шрафот со нарецкана глава 7 од држачот на
матрицата 4. Извадете ја матрицата 5.
Доколку е потребно, исчистете го држачот на матрицата 4.
Ставете нова, добро подмачкана матрица 5 во држачот на
матрицата. Притоа внимавајте на израмнетоста на
плоснатата страна.
Повторно зашрафете го шрафот со нарецкана глава 7 со
поставениот гумен прстен 6. Добро затегнете го шрафот
додека не го почувствувате отпорот на гумениот прстен.
Менување на втиснувачот
Олабавете го шрафот 2 и извлечете го целосно држачот на
матрицата 4 од куќиштето.
Поместете го втиснувачот 3 странично од жлебот на
држачот на матрицата 4 и извлечете го надолу.
Ставете нов, добро подмачкан втиснувач 3 во жлебот на
држачот на матрицата 4 и поставете го во средината.
Поместете го внимателно држачот на матрицата 4 преку
втсинувачот 3 назад во куќиштето. Свртете го држачот на
матрицата во една од трите можни позиции (види
„Менување на правецот на сечење", страна 92). Добро
затегнете го шрафот 2.
Bosch Power Tools