автоматски се позиционира на брзината (моќноста) на
всмукување 2.
За деактивирање на брзината (моќноста) на максимално
всмукување пред време:
притиснете го копчето 2 - аспираторот се позиционира на
брзината (моќноста) на всмукување 2.
или копчето 1: аспираторот се исклучува.
3.
Копче за вклучување/исклучување на светлото
4.
Копче за тајмерот
5.
Дисплеј
Тајмер
Оваа функција ви овозможува да ја темпирате одбраната брзина
(моќност) на всмукување а се активира со притискање на копчето "4", по
изминатото време аспираторот се исклучува.
Тајмерот Ви стои на располагање со следните поставки:
•
Брзина (моќност) на всмукување 1: - 20 минути (на екранот се
појавува бројот "1" и свети една мала LED светилка)
•
Брзина (моќност) на всмукување 2: - 15 минути (на екранот се
појавува бројот "2" и свети една мала LED светилка)
•
Брзина (моќност) на всмукување 3: - 10 минути (на екранот се
појавува бројот "3" и свети една мала LED светилка)
•
Брзина (моќност) на интензивно всмукување: - 5 минути (на
екранот се појавува бројот "4" и свети една мала LED светилка)
Притиснете го копчето 1 или копчето 4 за да го исклучите аспираторот
пред време; притискајќи го копчето 2 аспираторот се враќа на
претходната брзина и поставки.
Индикатор за заситеност на филтерот за масти
По 80 часа функционирање, на дисплејот започнува да светка бројот
"1".
За ресетирање на индикаторот на заситеност, притиснете го и држете
го копчето 1 околу 3 секунди.
Извршете го одржувањето на филтерот за масти како што е прикажано
во ова упатство.
Индикатор за заситеност на филтерот на јаглен
По 320 часа функционирање, на дисплејот започнува да светка бројот
"2".
За ресетирање на индикаторот на заситеност, притиснете го и држете
го копчето 1 околу 3 секунди.
Извршете го одржувањето на филтерот на јаглен како што е прикажано
во ова упатство.
Во случај ако двата индикатори за заситеност на филтрите започнат да
светкаат, извршете ресетирање двапати.
Првиот пат се ресетира индикаторот за заситеност на филтерот за
масти, вториот пат се ресетира индикаторот за заситеност на филтерот
на јаглен.
Индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен вообичаено не е
активен а ако аспираторот се користи во филтрирачката верзија тогаш
треба да се активира првиот пат рачно.
Активирање на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен:
Исклучете го аспираторот и притиснете ги истовремено копчињата 2 и 3
околу 3 секунди.
На дисплејот светкаат околу 2 секунди броевите "1" и "2" за да го
прикажат активирањето на индикаторот за заситеност на филтерот на
јаглен.
Дективирање на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен:
Исклучете го аспираторот и притиснете ги истовремено копчињата 2 и 3
околу 3 секунди.
На дисплејот светка околу 2 секунди само бројот "1" за да го прикаже
деактивирањето на индикаторот за заситеност на филтерот на јаглен.
Одржување
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или
одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со
вадење на струјниот приклучник или со исклучување на
домашниот мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција
со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од
внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа
навлажнета со течни неутрални детергенти.
Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ
АЛКОХОЛ!
Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето
на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари.
Се препорачува до придржување на предложените упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на
моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно
одржување или неследење на наведените упатствата.
Филтер за масти
Бр. 7-23
Треба да се чисти еднаш во месецот (или кога системот за покажување
на заситеноста на филтрите – ако е предвиден со моделот што го
имате- ја покажува оваа потреба), со неагресивни детергенти, рачно
или во машина за миење садови на ниска температура и во краток
циклус.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за
масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за
филтрирање воопшто не се менуваат.
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
Сл. 22
Type 20 LONG LIFE - Филтер со активен јаглен што може да се пере
Филтерот со активен јаглен може да се пере секои два месеци (или кога
системот за покажување на заситеноста на филтрите – ако е
предвидено со моделот што го имате- ја покажува оваа потреба) во
топла вода и соодветни детергенти или во машина за миење на садови
на 65°C (во случај на перење во машина за миење на садови извршете
комплетен циклус на перење без садови во внатрешноста).
Истиснете го вишокот вода без да го уништите филтерот, потоа
извадете го перничето ставено во внатрешноста на куќиштето од
пластика и ставете го во печката 10 минути на 100°C за целосно
сушење.
Заменете го перничето на секои 3 години и секогаш кога платното е
оштетено.
Type 15 - Филтер со активен јаглен што НЕ се пере
Заситувањето на филтерот на јаглен настапува по повеќе или помалку
продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста
на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се
замени патронот најмногу на секои четири месеци (или кога системот за
прикажување на заситеноста на филтрите - ако оди заедно со моделот
што го имате- ја покажува оваа потреба).
НЕ може да се пере или обновува.
Замена на сијалиците
Сл. 24
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се
изладени.
Користете само халогенски сијалици од 12V -20W max - G4, имајќи во
предвид да не ги допирате со рацете.
58