Gorenje CMO 200 DW Manual De Instrucciones Del Propietario página 34

Ocultar thumbs Ver también para CMO 200 DW:
Tabla de contenido

Publicidad

11. Помагалата за микробранова печка користете ги со почитување на
упатствата од нивните производители.
12. Не обидувајте се да пржите храна во микробранова печка.
13. Не заборавете дека микробрановата печка ја загрева само течноста во
садот или во чашата, а не и садот. Затоа и во случај кога капакот или
садот не се жешки на допир, храната, т.е. течноста ќе ослободува пареа
или ќе врие кога ќе ја извадите од печката, исто како и при нормално
готвење.
14. Секогаш сами проверете ја температурата на подготвената храна, а
особено ако загревате или готвите храна и пијалак за децата.
Препорачуваме никогаш да не консумирате храна или течност
непосредно по нејзиното вадење од печката, туку да почекате неколку
минути и да промешате за да се распредели рамномерно топлината.
15. Откако храната е подготвена и печката исклучена и ако содржи
мешавина од масти и вода, на пример бујон за супа, нека остане во
печката уште 30–60 секунди пред да ја извадите надвор. Со тоа
овозможувате мешавината да се сталожи, а истовремено спречувате
вриење,создавање меурчиња кога во неа ќе ставите лажица или коцка.
16. Кога подготвувате храна или пијалак, секогаш доследно почитувајте ги
упатствата во книгата за готвење, т.е. во прирачникот и не заборавајте
дека некои видови храна, на пр. божиќен пудинг, мармелад и пита со
мелено месо, се загреваат многу брзо. Храната со висок процент на
масти или шеќер не загревајте ја и не гответе ја во пластични садови.
17. Помагалата за готвење што ги употребувате може да се загреат заради
топлината што ја испушта храната во нив. Тоа важи особено ако врз
садот или рачката е ставена пластична фолија. Затоа можеби ќе ви
требаат кујнски ракавици.
34

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Cmo 200 ds

Tabla de contenido