Bosch AKE 30-19 S Manual Original página 258

Ocultar thumbs Ver también para AKE 30-19 S:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
OBJ_BUCH-1238-002.book Page 258 Wednesday, December 7, 2016 2:54 PM
258 | Македонски
прозорчето за мерење на нивото на маслото. Еден
реззервар со масло трае околу 15 минути, во зависност
од паузите и интензитетот на сечењето.
– Дали е ланецот правилно затегнат и оштар?
Проверувајте ја затегнатоста на ланецот редовно на
секои 10 минути. На почетокот на употребата, новите
ланци можат значајно да се олабават. Состојбата на
ланецот влијае на ефикасноста при сечењето. Само
оштар ланец штити од преоптоварување.
– Дали е кочницата за отскокнување деактивирана и
нејзината исправност потврдена?
– Дали ја носите потребната заштитна опрема? Носете
заштита за видот и слухот. Препорачано е да се носи и
заштита за главата, рацете, нозете и стапалата.
Соодветна заштитна опрема штити од парчиња
отфрлени при сечењето и од случаен контакт со
ланецот.
Отскокнување (види слика D)
Под отскокнување се подразбира ненадејно и брзо
движење на пилата нагоре и наназад коешто се случува
кога ланецот (на врвот на плочата) доаѓа во контакт со
материјал, или кога се заглавува ланецот.
При отскокнување пилата реагира непредвидливо и може
да предизвика тешки повреди кај ракувачот или лицата во
непосредна близина.
Особено внимание мора да се посвети кога се сече
странично, накосо или при долги резови, зошто не може
да се примени забецот 13 .
За да избегнете отскокнување:
– Сечете местејќи ја плочата под прав агол со дрвото.
– Никогаш не работете со лабав, многу истегнат или
многу истрошен ланец.
– Ланецот оштрете го како што е овде опишано.
– Никогаш не сечете над нивото на рамената.
– Никогаш не работете со врвот на ланецот.
– Држете ја пилата цврсто со двете раце.
– Секогаш користете Бош ланец за смалување на
отскокнувањата.
– Користете го металниот забец 13 за нивелација.
– Внимавајте ланецот да е соодветно затегнат.
Општо однесување
Секогаш држете ја пилата цврсто со двете раце, левата
рака на предната дршка, а десната рака на задната дршка.
Потполно опфатете ги обете дршки со палецот и прстите
секогаш во текот на работата. Никогаш не работете
држејќи само со едната рака. Проверете каелот секогаш
да е позади и секогаш држете го вон дофат на пилата и
подалеку од материјалот што го сечете; поставете се така
што кабелот не може да се сплетка во гранките или
грмушките.
Секогаш при употреба на пилата стојте стабилно. Држете
ја пилата на десната страна од телото.
F 016 L81 142 | (7.12.16)
Пилата мора веќе да работи кога ќе дојде во контакт со
дрвото. Користете го забецот 13 да ја потпрете пилата на
дрвото Користете го забецот и за нивелирање при
сечењето.
Прилагодете го забецот на пониско ниво кога сечете
поцврсто дрво или стебло. За тоа, повлечете го ланецот
малку наназад додека не попушти забецот, па преместете
го на пониското ниво за да продолжите со сечење. Не
вадете ја до крај пилата од резот.
Не форсирајте го ланецот при сечењет, пучтете го ланецот
да работи со свое темпо, користејќи го забецот 13 со
лесен притисок.
Никогаш не сечете со потполно испружени раце. Никогаш
не пробувајте да досегнете тешко дофатни гранки и не
стојте на скали. Никогаш не сечете над нивото на
рамената.
Најефикасно е сечењето кога брзината на ланецот е
рамномерна во тек на сечењето.
Внимание при крајот на резот. Тежината на пилата
одеднаш се менува при ослободување од дрвото. Постои
опасност да се повредат нозете и стапалата.
Секогаш вадете ја пилата од резот во дрвото додека
ланецот се врти.
Сечење цепаници (види ги сликите E и H)
Кога сечете цепаници, применувајте ги следните
безбедносни упатства:
Цепаниците поставувајте ги така да не се сосем една до
друга, како на сликата, за ланецот да не се заглавува.
Пред сечење, поставете ги и прицврстете ги кратките
цепаници.
Сечете само дрво и дрвени предмети. При шетање,
секогаш внимавајте да избегнете контакт со камења,
шајки и слично, зошто пилата може да ги отфрли, а
ланецот да се оштети, или да дојде до сериозна повреда на
ракувачот или околните лица.
Пилата што работи држете ја подалеку од огради и од
земјата.
Употребата на пилата за поткастрување гранки или
грмушки не е одобрена.
При подолгите резови мора да се обрне посебно
внимание, зошто нивелирањето со забецот 13 не е можно.
Сечете под прав агол за да избегнете отскокнување.
Кога работите на падина, работете над стеблото или
отстрана.
Внимавајте да не се сопнете на гранки, корења и слично.
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Ake 35-19 sAke 40-19 sAke 35-19 proAke 40-19 pro

Tabla de contenido