Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch PFS 3000-2 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para PFS 3000-2:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
OBJ_BUCH-2024-005.book Page 213 Wednesday, September 13, 2017 6:05 PM
Доколку резултатот од прскањето не е задоволителен или
не излегува боја, постапете како што е опишано
„Отстранување на пречки" на страна 215.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
 Внимавајте на тоа, за време на употребата,
основната единица да не вшмука прав или други
нечистотии.
 Внимавајте да не ја испрскате основната единица.
 Прекинете го процесот на прскање, доколку за
време на прскањето излегува течност од другите
места надвор од предвидените и поправете го
пиштолот за прскање. Постои опасност од електричен
удар.
 Не се прскајте себе си, други лица или животни.
Вклучување (види слика D)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го системот за
фино распрскување само доколку го користите.
– Проверете, дали е монтирано правилното капаче со
млазница (види „Менување на капачето со
млазницата", страна 212).
– Ставете го мрежниот приклучок во ѕидната дозна.
– Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го
кон површината за прскање.
– За регулирање на количината за воздух, поставете го
прекинувачот на лизгање 24 на саканата апликација
(види и „Подесете ја количината за воздух",
страна 214).
– Притиснете го прекинувачот 5 на пиштолот за прскање.
Напомена: Доколку е вклучена основната единица, од
капачето за вентилација 2 секогаш струи воздух.
Исклучување
– Отпуштете го контролниот прекинувач 5 и притиснете
го прекинувачот на лизгање 24 сосема на лево
(позиција ).
– Влечете го мрежниот приклучок од ѕидната дозна.
Совети при работењето
Прскање (види слики E–H)
Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го
користите електричниот апарат на отворено.
– Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја
сликата на млазот и количината на материјал за
прскање во зависност од материјалот за прскање. (за
подесување, видете во следните поглавја)
– Пиштолот за прскање држете го на подеднакво
растојание од 20–25 см вертикално кон објектот за
прскање.
– Почнете со прскање надвор од површината за
прскање.
– Во зависност од подесената слика на прскање, движете
ги пиштолите за прскање рамномерно хоризонтално
или вертикално.
Bosch Power Tools
Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога
насоките на прскање се преклопуваат за 4 – 5 см.
– При прскање на легнати објекти или при прскање на
плафон, пиштолите за прскање држете ги малку на косо
и движете се наназад оддалечувајќи се од површината
на прскање.
Опасност од сопнување! Внимавајте на можните
пречки во просторијата.
– Избегнувајте прекини внатре во површината за
прскање.
Рамномерното водење на пиштолот за прскање дава
еднаков квалитет на површината.
Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон
зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до
нерамномерно бојосани површини.
– Завршете со процесот на прскање надвор од
површината за прскање.
Не го исцрпувајте сосема резервоарот со материјал за
прскање. Доколку цевката за вшмукување не е потоната
во материјалот за прскање, ќе се прекине млазот на
прскање и се создава нерамномерна површина.
Доколку се насобере материјал за прскање на капачето за
вентилација 2 или на капачето со млазницата, исчистете ги
компонентите со испорачаната четка за чистење 25.
Местење на сликата на прскање (види слика I)
 Никогаш не го активирајте прекинувачот 5 додека
го поставувате капачето за вентилација 2.
– Свртете го капачето за вентилација 2 во саканата
позиција.
Капаче за
Млаз за
вентилација
прскање
Подесете ја количината на материјалот за прскање
(види слика J)
(PAINTVolume)
– Свртете го тркалцето за подесување 4, за да ја подесите
саканата количина на материјал за прскање:
Македонски | 213
Примена
вертикален
плоснат млаз за
хоризонтална
насока на работа
хоризонтален
плоснат млаз за
вертикална насока
на работа
округол млаз за
агли, рабови и
тешко достапни
места
1 609 92A 3ZD | (13.9.17)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 603 b07 1 serie

Tabla de contenido