OBJ_BUCH-2386-001.book Page 157 Monday, February 9, 2015 11:37 AM
Мрежниот напојувач 31 може да го складирате во
преградата за складирање на радиото доколку не го
употребувате. Отворете го поклопецот 27 на преградата
за складирање. Ставете го мрежниот напојувач со
мрежниот приклучок во отворот 22.
Ставање/менување на батериите за резервно
напојување
Батериите за резервно напојување мора да ги ставите при
зачувување на времето на часовникот и радио станицата.
Притоа се препорачува користење на алкално-мангански
батерии.
Отворете го поклопецот 27 на преградата за складирање.
Доколку е потребно извадете го мрежниот напојувач 31.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии 21
притиснете на блокадата 20 и извадете го поклопецот од
преградата за батерии. Ставете ги батериите за резервно
напојување. Притоа внимавајте на половите во согласност
со приказот на внатрешната страна на поклопецот од
преградата за батерии.
Повторно ставете го поклопецот 21 на преградата за
резервни батерии.
Заменете ги резервните батерии, доколку времето на
радиото не може да се зачува и доколку приказот
ослабува.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Извадете ги резервните батерии од радиото
доколку не сте го користеле подолг период. Доколку
се подолго време складирани, резервните батерии
може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Заштитете го радиото од влага и директно
изложување на сончеви зраци. Радиото смее да се
употребува само во суви внатрешни простории.
Аудио режим
Вклучување/исклучување
За вклучување на радиото притиснете на копчето за
вклучување-исклучување 1. Екранот ќе се активира 2 и ќе
го пушти аудио изворот поставен при последното
исклучување на радиото.
Екранот 2 ќе се осветли неколку секунди при секое
притискање на копчето.
За исклучување на радиото одново притиснете на
копчето за вклучување-исклучување 1. Ќе се зачува
моменталната поставка на аудио изворот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го радиото само
доколку го користите.
Подесување на гласноста
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува средна
гласност (вредност 10).
За зголемување на гласноста притиснете на копчето
„Vol +" 7, а за намалување на гласноста на копчето „Vol –"
Bosch Power Tools
8. Подесувањето на гласноста „VL" се појавува со
вредност помеѓу 0 и 20 неколку секунди на приказот f на
екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата
поставете ја гласноста на пониска вредност, а пред стартот
на надворешен аудио извор на средна вредност.
За исклучување на тонот можете да го притиснете копчето
„Mute" 5. За да го вклучите повторно тонот, притиснете
одново или на копчето „Mute" 5 или на едно од копчињата
за гласност „Vol +" 7 одн. „Vol –" 8.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на тонот во радиото има
вграден изедначувач.
За да го смените рачно нивото на бас, притиснете еднаш
на копчето „EQ" 15. На екранот се појавуваат „BA" како и
зачуваната вредност на нивото на басот на приказот f. За
нивото на високиот тон одново притиснете го копчето
„Equalizer" 15, на приказот f се појавуваат „TR" како и
зачуваните вредности на нивото на висок тон.
Нивото на бас одн. висок тон може да се промени во
граници од –5 до +5. За зголемување на прикажаната
вредност притиснете на копчето „Vol +" 7, а за
намалување на копчето „Vol –" 8. Променетите
вредности автоматски ќе се зачуваат, доколку приказот f
се врати на приказ на времето неколку секунди по
последното притискање на копчето.
Избирање на аудио извор
За избор на аудио извор притискајте на копчето „Source"
18, додека на екранот не се појави саканиот внатрешен
аудио извор (види „Подесување/зачувување на радио
станицата", страна 158) одн. надворешен аудио извор
(види „Приклучување на надворешни аудио извори",
страна 158):
– „FM": радио преку UKW,
– „AM": радио преку MW,
– „BT": надворешен аудио извор (на пр. паметен
телефон) преку Bluetooth®-врска,
– „AUX 1": надворешен аудио извор (на пр. паметен
телефон или CD-плеер) преку 3,5-mm-отвор „AUX 1"
26 на надворешната страна,
– „AUX 2": надворешен аудио извор (на пр. паметен
телефон или MP3-плеер) преку 3,5-mm-отвор „AUX 2"
19 во преградата за складирање.
Аудио изворите „FM", „AM", „AUX 1" и „AUX 2"
континуирано се појавуваат на приказот за аудио извор g.
„BT" за Bluetooth®-врска се појавува кратко на
мултифункционалниот приказ f и потоа се сигнализира со
светење на Bluetooth®-приказот 17 (види „Bluetooth®-
приклучок", страна 158).
Подесување на стапчестата антена
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена 23.
За време на работата на радиото свртете ја антената во
правецот, којшто овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место
со подобар прием.
Македонски | 157
1 609 92A 12F | (9.2.15)