ризикот од сериозни повреди на лица или
оштетување на блендерот. Може да се
употребуваат гумен стругач или шпакла,
но само кога не е активиран блендерот.
18. Дадената пластична рачка се употребува
само кога е ставен главниот дел на
капакот.
19. Сечилата се остри. Со посебно внимание
чистете околу сетот сечила во садот за да
избегнете повреда.
20. За да го намалите ризикот од повреда,
никогаш не ставајте сет сечила на
основата на моторот освен ако не е
монтиран за садот Vitamix.
21. Треба да се внимава кога се ракува со
острите сечила, кога се празни садот или
во текот на чистењето.
22. Не оставајте други предмети, како
лажици, вилушки, ножеви или затката
на капакот, во садот бидејќи тоа ќе ги
оштети сечилата и другите компоненти
при стартување на блендерот и може да
предизвика повреда.
23. Никогаш не обидувајте се да работите со
оштетени сечила.
24. Никогаш не обидувајте се да работите со
отстранета подлога за центрирање.
25. Секогаш работете со блендерот со
капакот и затката на капакот поставени
цврсто на место. НЕ отстранувајте
го 2-делниот капак додека ротираат
сечилата. Отстранете ја затката на
капакот само за да додадете состојки и за
да ја употребувате пластичната рачка.
26. Кога блендирате врели течности или
состојки во садот од 64 унци, бидете
претпазливи; прскањето или пареата
која излегува може да предизвикаат
изгореници. Не полнете го садот до
максимум. Секогаш почнувајте ја
обработката со најниската поставка,
варијабилната брзина 1. Рацете и другата
непокриена кожа држете ги подалеку од
отворот на капакот за да спречите можни
изгореници.
27. НЕ употребувајте ја својата чаша од 20
унци за да загревате состојки или за да
блендирате врели течности Загреаните
состојки и течности може да создадат
внатрешен притисок кој може да
предизвика чашата да се распука и да
предизвика повреда.
28. НЕ употребувајте ја непрекинато
машината подолго од 75 секунди со
чашата од 20 унци.
29. Ако чашата е топла на допир или испушта
пареа или не дихтува, веднаш престанете
да блендирате состојки и исклучете го
блендерот или извадете го кабелот од
штекер. Оставете чашата и состојките да
се оладат до собна температура пред да
ја отстраните основата на сечилата.
30. Кога правите путер од јатки или храна
со масло, не обработувајте ги подолго
од една минута откако ќе почне да
циркулира мешавината во садот.
Обработувањето подолго време може да
предизвика прегревање.
31. Проверете дали садот или чашата и
адаптерот за лична чаша се порамнети
со подлогата за центрирање за да се
осигури дека погонскиот спој со жлебови
е поврзан со погонскиот приклучок пред
да почнете со работа.
32. Задолжително употребете го дихтунгот на
основата на сечилата за да ја прицврстите
соодветно чашата на основата на
сечилото пред блендирање.
33. Никогаш не ставајте го адаптерот за
лична чаша на основата на сечилата кога
чашата не е прикачена.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За избегнување повреда.
Прочитајте и разберете
го упатството за употреба
пред да ја употребувате
машината
.
133