Bosch GAM 270 MFL Professional Manual De Instrucciones página 198

Ocultar thumbs Ver también para GAM 270 MFL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
OBJ_BUCH-2370-003.book Page 198 Tuesday, February 16, 2016 3:45 PM
198 | Македонски
Приказ на измерената вредност и помош при израмнување
(види слика F)
Измерената вредност се ажурира при секое движење на мерниот уред.
По поголеми движења на мерниот уред, почекајте со читањето на
измерената вредност, додека не стане непроменлива.
Во зависност од положбата на мерниот уред, измерената вредност и
мерната единица ќе се прикажат на екранот свртени за 180°. Притоа
приказот се чита и при работење на плафон.
Со помош на помагалото за израмнување h/i мерниот уред покажува на
екранот, во кој правец мора да се накоси, за да постигне хоризонтала
одн. вертикала.
Доколку се постигне целната вредност, стрелките на помошта за
израмнување h/i се гаснат и при вклучен сигнален тон се слуша трајниот
тон.
Бесконтактно мерење/пренесување на косини
Со помош на ласерот може бесконтактно да мерите одн. да пренесувате
косини, исто така и на големи растојанија.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не
погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
 За обележување, секогаш користете ја само средината на
ласерската точка. Големината на ласерската точка се менува во
зависност од растојанието.
За мерење на косини израмнете го мерниот уред така што ласерскиот
зрак ќе поминува по должината на површината којашто треба да се
измери. За пренесување на косини израмнете го мерниот уред така што
саканата косина ќе се прикаже како измерена вредност n, а косината
нанесете ја на целната површина со помош на ласерската точка.
Напомена: При пренос на косините со помош на ласерот, имајте во
предвид дека тој излегува 30 мм над долниот раб на мерниот уред.
Проверка на точноста и калибрација на мерниот уред
Проверка на точноста на мерењето
Проверете ја точноста на мерниот уред пред критични мерења, по
големи температурни промени како и по јаки удари.
Пред мерење на агли <45° проверката треба да се изврши на рамна,
хоризонтална површина, а пред мерење на агли >45° на рамна,
вертикална површина.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална одн.
вертикална површина.
Изберете мерна единица „°" (види „Менување на мерната единица",
страна 197).
Почекајте 10 с и потоа забележете ја измерената вредност.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска. Одново
почекајте 10 секунди и забележете ја втората измерена вредност.
 Калибрирајте го мерниот уред, само доколку разликата меѓу
двете измерени вредности е поголема од 0,1°.
Калибрирајте го мерниот уред во положба (вертикална од.
хоризонтална), во којашто ќе биде утврдена разликата меѓу измерените
вредности.
Калибрирањето може да се изврши само со долната страна.
Калибрација на хоризонтални површини за налегнување
(види слика I)
Површината на којашто ќе го налегнете мерниот уред, не смее да
отстапува повеќе од 5° од хоризонталата. Доколку отстапувањето е
поголемо, калибрацијата ќе се прекине со приказот „---" .
 Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална
површина, така што либелата 9 ќе покажува нагоре и екранот 7 ќе
биде насочен кон Вас. Почекајте 10 с.
 Потоа притиснете го копчето за калибрација за околу 2 с „Cal" 20,
додека кратко „CAL1" ќе се појави на екранот. Потоа измерената
вредност трепка на екранот.
 Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната оска, така што
либелата и понатаму ќе покажува нагоре, екранот 7 се наоѓа на
страната свртена од Вас. Почекајте 10 с.
 Потоа одново притиснете го копчето за калибрација „Cal" 20. На
екранот кратко ќе се појави „CAL2". Потоа се појавува измерената
вредност (не трепка повеќе) на екранот. Мерниот уред сега е
одново калибриран за оваа површина на налегнување.
Напомена: Доколку мерниот уред, не се врти околу оската којашто е
прикажана на сликите во чекорот , калибрацијата не може да се
заврши („CAL2" не се појавува на екранот).
1 609 92A 25B | (16.2.16)
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido