Ставање Во Употреба - Bosch GAM 270 MFL Professional Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para GAM 270 MFL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
OBJ_BUCH-2370-003.book Page 194 Tuesday, February 16, 2016 3:45 PM
194 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на
сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
осцилации во температурата. Напр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации во
температурата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. По
силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите
за понатамошна работа, секогаш извршете проверка на точноста
(види „Проверка на точноста и калибрација на мерниот уред",
страна 198).
 Одржувајте ја чистотата на површините на поставување и
контактните површини на мерниот уред. Заштитете го мерниот
уред од потреси и удари. Честичките нечистотија или деформациите
може да доведат до погрешно мерење.
Вклучување/исклучување
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го
по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За да го вклучите одн. исклучите мерниот уред, притиснете на копчето за
вклучување-исклучување „ON/OFF" 14.
Доколку индикаторот „H" свети, зачувана е уште една вредност од
последното мерење. Оваа вредност може да се избрише со кратко
притискање на копчето „ON/OFF" 14.
Доколку околу 30 мин. не се притисне ниедно копче на мерниот уред и
не се измери агол, тој се исклучува автоматски заради заштита на
батериите.
Центрирање со либели
Со либелата 9 мерниот уред може да го центрирате хоризонтално, а со
либелата 10 вертикално.
Вртење на приказот
Доколку го свртите мерниот уред за 180°, автоматски се врти и приказот,
за да можете подобро да ја прочитате прикажаната вредност.
Начин на работа „Стандардно мерење"
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во режим на работа
„Стандардно мерење".
Со режимот на работа „Стандардно мерење" истовремено се извршува
мерење на агли и косини.
Режим на работа Мерење на агли
Мерење на агли (види слики C–D)
Поставете го кракот на преклопување 1 и основниот крак 4 рамно на
рабовите што треба да се измерат. Прикажаната измерена вредност g
одговара на внатрешниот агол w помеѓу основниот и кракот на
преклопување.
Оваа измерена вредност ќе се прикажува на екранот 7, додека не го
промените аголот меѓу кракот на преклопување 1 и основниот крак 4.
Пренесување на агли (види слика E)
Измерете го аголот што треба да се пренесе со поставување на кракот на
преклопување и основниот крак на зададениот крак.
Со затегнување на тркалцето за фиксирање 3 позицијата на кракот може
механички да се осигури. Прикажаната вредност нема да се зачува.
Поставете го мерниот уред во саканата позиција на делот што се
обработува. Користете го кракот како линијар за нанесување на агли.
Зачувување на измерени вредности
За зачувување на моменталната измерена вредност притиснете кратко
на копчето за зачувување „HOLD" 17. Како потврда трепка индикаторот
a на екранот. Моментално прикажаната вредност е „замрзната" и не се
менува при движење на кракот. Доколку одново се притисне копчето за
меморија „HOLD", индикаторот a ќе се прикажува континуирано на
екранот. Прикажаната вредност се менува во зависност од движењето
на кракот. Претходно „замрзнатата вредност" сега е зачувана во
позадината. Со одново притискање на копчето за зачувување „HOLD"
17 ќе се прикаже претходно зачуваната вредност, индикаторот a трепка.
За бришење на вредноста на меморијата притиснете кратко на копчето
14.
За да можете да зачувате нова вредност, мора да се избриши некоја од
претходно зачуваните вредности. Зачуваните вредности не можат да се
препишат.
Зачуваната вредност ќе се зачува и при исклучувањето на мерниот уред
(рачно или автоматски). Во секој случај таа ќе се избрише при промена
на батериите одн. доколку батериите се испразнат.
1 609 92A 25B | (16.2.16)
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido