Ferm BGM1022 Traducción Del Manual Original página 79

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
2. ИНФОРМАЦИЈА ЗА МАШИНАТА
Намена
Оваа машина ги комбинира сите предности
од хоризонтална и вертикална трачна
брусилка со оние на брусилка со диск.
Силната конструкција од сив лив и челик ја
прави машината погодна за секоја работа со
брусење.
Технички податоци
Напон
Влезна моќност
Брзина без оптеретување
Брзина без оптеретување
на брусен диск
Големина на брусна лента
Големина на брусен диск
Тежина
Lpa (Ниво на звучен притисок)
Lwa (Ниво на звучна моќност)
*S2= Максимално време на користење со
капацитет од 350 W
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено
во упатствово, е измерено во согласност со
стандардизиран тест даден во EN 60745; тој
може да се користи за споредување на еден
алат со друг како и за прелиминарна процена
на изложеност на вибрации при користење на
алатот во споменатите апликации:
користењето на алатот за различни
апликации или со различни или слабо
одржуван прибор, може значително да го
зголеми нивото на изложеност;
времето кога алатот е исклучен или кога
работи но не ја врши работата, може
значително да го намали нивото на
изложеност.
Заштитете се од ефектите на вибрациите со
одржување на алатот и приборот, рацете да
ви бидат топли и организирајте ги работните
навики.
Опис
Броевите во текстот се однесуваат на
дијаграмите на стр.2-5.
1. Рамка на машината
2. Мотор
3. Валчест и паралелен граничник
4. Рачка за стегање
5. Транспортен валјак
6. Брусна лента
7. On/off прекинувач
8. Граничник
9. Валјак за отклонување
10. Алуминиуски диск
11. Брусен диск
12. Работна маса
13. Скала за косо сечење
14. Рамка за потпирање
15. Приклучок за правосмукалка
230-240V~ 50Hz
350 W S2= 30 мин*
3. Монтажа
292 м/мин
1450 /мин
Поставување
Избегнувајте користење на долги продолжни
915 X 100 мм
кабли. Не заборавете да оставите доволно
Ø 150 мм
слободен простор околу машината за брасуње
12.2 кг
на работното парче.
77+3 dB(A)
90+3 dB(A)
Монтажа
Ставете ја рамката на машината во
нејзината глава и притиснете ги четирите
гумени граничници во подножјето од
рамката.
Рамката на машината, алуминиумскиот
диск (10) и работната маса (12) се
испорачани во одделно пакување.
Притиснете го алуминиумскиот диск на
вратилото и стегнете го дискот со помош на
имбус завртки од страна на дискот (сл. B-D).
Поставете ја работната маса (12) со
вратилото во рамката на машината и
обезбедете ја со завртки, од надворешната
страна од рамката.
Проверете го отклонот од 90° на работната
маса и на брусниот дискот, дали е точно 90°
(сл. E).
Ако е потребно, дотерајте го овој агол,со
индикатор за калибрација.
Скалата за косо сечење (13), која исто така
се испорачува посебно, може да се постави
врз работната маса (12).
Со користење на оваа скала, може
прецизно да се одреди аголот на брусење.
Потпирачот (8) за трачна брусилка може да
се постави зад горните завртка на браникот
на V-ременот. На овој начин, работното
парче може цврсто да стои во однос на
лентата, без големи опасности.
Пoврзете ја правосмукалката преку
приклучокот за правосмукалка (15).
79

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido