Milwaukee M18 CRAD2 Manual Original página 90

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Употребувајте заштитна опрема. При работа со
машината постојано носете заштитни очила. Се
препорачува заштитна облека како: маска за заштита
од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не
се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Пршината која се создава при користење на овој алат
може да биде штетна по здравјето. Не ја вдишувајте.
Носете соодветна заштитна маска.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што
можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме
веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте
апаратот повторно додека употребуваното орудие е
блокирано; притоа би можело да дојде до повратен
удар со висок момент на реакција. Испитајте и
отстранете ја причината за блокирањето на
употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените
за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се
обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да
стане многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од
работната површина. Секогаш водете го кабелот позади
вас.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да
ги избегнете електричните, гасните и водоводни
инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со
направа за напон. Необезбедени парчиња кои што се
обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и
оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем 18 V за полнење на
батерии од 18 V систем. Не користете батерии од друг
систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од
пожар, од наранувања или од оштетување на
производот, коишто ги создава краток спој, не ја
потопувајте во течност алатката, заменливата батерија
или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода,
одредени хемикалии, избелувачки препарати или
производи кои содржат избелувачки супстанции, можат
да предизвикаат краток спој.
90
МАКЕДОНСКИ
470 342 - M18CRAD2_EN62841.indd 90
470 342 - M18CRAD2_EN62841.indd 90
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Дупчалката на батерии/шрафцигерот е дизајниран за
дупчење и зашрафување, независна употреба далеку
од главното напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-1:2018
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2019-12-05
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора
да бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50%
од состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, заглавување на дупчалката,
ненадејно запирање или краток спој, електро-уредот
бучи 2 секунди, а потоа самостојно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и
вклучете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може
да загрее многу. Во таков случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за
повторно да ја напоните и активирате.
17.02.2020 14:45:27
17.02.2020 14:45:27

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

M18 crad2-0xM18 fuel

Tabla de contenido