Skil 3930 Manual Original página 170

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 54
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
кој е оштетен или изменет.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не
го полнете комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен во
инструкциите.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со
батерии.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА АГОЛНИ БРУСАЛКИ
1) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИ СО БРУСЕЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО
ОТСЕКУВАЊЕ
a) Овој алат е наменет да за брусење или
сечење. Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, упатства, слики и
спецификации што се обезбедуваат со овој алат.
b) Овој алат не се препорачува за пескарење,
четкање или полирање.
c) Не користете дополнителна опрема којашто
производителот на алатот специфично не ја
наменува или препорачува.
d) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот.
e) Надворешниот пресек и дебелина на
употребениот прибор мора да соодветствуваат
на мерните податоци на Вашиот електричен
прибор.
f) Поставувањето на дополнителната опрема со
протнување мора да се совпаѓа со нишката
на ободот на брусилката. Кај дополнителната
опрема што се поставува со крилца, целиот
отвор на опремата мора да се вклопува во
дијаметарот на крилцето каде што ќе се постави.
g) Не користете оштетена дополнителна опрема.
Проверете ја дополнителната опрема пред секоја
13
употреба за да утврдите дали абразивните
тркала содржат парчиња и пукнатини, дали
потпорните подлошки имаат пукнатини, дали
челичните четки имаат разлабавени или
скинати жици. Ако алатот или дополнителната
опрема паднат, проверете дали се оштетиле или
ставете неоштетена дополнителна опрема.. По
проверката и поставувањето на дополнителната
опрема, поставете се подалеку од опсегот
на ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина
да работи една минута без оптоварување.
h) Носете лична опрема за заштита. Зависно
од употребата, носете заштита за лице,
безбедносни очила или заштитна маска.
Ако е соодветно, носете маска за прашина,
заштита за уши, ракавици или престилка што
имаат капацитет да ги застануваат ситните
абразивни честички или остатоци од работата.
i)
Стојте настрана на безбедно растојание од
областа за работа. Секој што ќе пристапи до
областа за работа мора да носи лична опрема
за заштита.
j)
Држете го алатот само за изолираните површини
за зафаќање кога извршувате работа при која
што дополнителната опрема може да дојде во
контакт со сокриените жици.
k) Поставете го кабелот подалеку од
дополнителната опрема којашто се врти.
170

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido