Ferm SSM1007 Traducción Del Manual Original página 88

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
положба како што е прикажано на скица F2.
Кога ја користите страничната позиција, дури и
подолгите делови од предметот на обработка
може лесно да се исечат.
Адаптери за универзални листови
Сл. G
Приложените адаптери треба да се користат
само со универзални листови (= без чивии на
крајот).
Одвртете ги имбус завртките од адаптерот,
како што е прикажано на скица G1.
Вовлечете го универзалниот лист во жлебот
помеѓу имбус завртките.
Стегнете ги имбус завртките за да се стегне
листот.
Поставете го листот (види ПОСТАВУВАЊЕ
НА ЛИСТ ЗА ПИЛА), како што е прикажано
на скица G2.
Држач на предмет на обработка
Скици A, H
Држачот на предметот на обработка (8) се
користи за држење на предметот на обработка
на масата за пилата, спречувајќи го предметот
на обработка да се движи нагоре и надолу
поради движењето на сечилото. Држачот на
предметот на обработка мора да се прилагоди
во висина во зависност од дебелината на
предметот на обработка.
Откачете го копчето за заклучување (12) со
вртење спротивно од стрелките на часовникот.
Наместете ја висината на држачот на
предметот на обработка (8) до саканата
висина.
Повторно затегнете го копчето за
заклучување (12) со вртење во правецот на
стрелките на часовникот.
Подесување на брзината
Слика А
Потребната брзина може да се прилагоди
со користење на копчето за регулирање на
брзината (3). Исто така, за време на работата
може да се прилагоди брзината на ротацијата.
За зголемување на брзината, свртете го
копчето за регулирање на брзината (3) во
насока на стрелките на часовникот.
За намалување на брзината, свртете го
копчето за регулирање на брзината (3) во
насока спротивна на стрелките на часовникот.
88
Потребната брзина зависи од материјалот и
може да се одреди со практично тестирање.
Дувалка за прашина
Сл. A
Дувалката за прашина го одржува работното
парче чисто, за поточно сечење. За најдобри
резултати, насочете го проткот на воздух од
цевката кон листот и работното парче. За
прилагодување, едноставно свиткајте ја
дувалката кон саканата положба.
5. ОДРЖУВАЊЕ
Секогаш да ја исклучувате машината
од струја пред било какво одржување.
Машината е конструирана да работи
долг период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Чистење
Чувајте ги чисти отворите за вентилација за да
се спречи прегревање на моторот.
Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа,
по можност после секое користење. Чувајте ги
отворите за вентилација чисти, без прашина.
Ако нечистотијата не се вади, употребете
мекана крпа навлажнета со вода со сапуница.
Никогаш не користете растворувачи како што
е бензин, алкохол, амонијачна вода итн. Овие
растворувачи можат да ги оштетат пластичните
делови.
Замена на напоен кабел
Напојниот кабел може да се замени само со
посебен кабел во специјализирана
работилница.
Замена на кабли или приклучници
Стариот кабел и приклучоците фрлете ги
веднаш после замената со нови. Опасно е да ја
вклучите приклучницата ако кабелот е лабав.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido