76 | Македонски
Не ја изложувајте камерата за проверка на
u
екстремни температури или осцилации во
температурата. На пр. не ги оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во
температурата, оставете ја камерата за проверка
најпрво да се аклиматизира, пред да ја ставите во
употреба.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување на камерата за проверка притиснете на
копчето за вклучување-исклучување (2). На екранот (5)
накратко ќе се прикаже стартниот екран.
Напомена: Доколку кабелот за камерата не е монтиран
при вклучувањето, екранот покажува порака за грешка.
За исклучување на камерата за проверка, одново
притиснете го копчето за вклучување-исклучување (2).
Доколку не се притисне копче на камерата за проверка
околу 20 мин., таа автоматски се исклучува заради
заштита на батеријата.
Регулирање на светлата на главата на камерата
За да ја осветлите сликата на камерата на екранот, може
да ги вклучите светлата (9) на главата од камерата и да ја
регулирате осветленоста.
Светлината може да се подеси во 4 степени (0 %, 25 %,
50 %, 100 %).
За да ги вклучите светлата на камерата (9) и да ја
зголемите осветленоста притискајте на копчето Светло/
Осветленост (4) додека не ја постигнете саканата
осветленост.
Не погледнувајте директно во светлата (9) и не ги
u
насочувајте истите кон други лица. Светлината на
светлата може да ги заслепи очите.
За намалување на осветленоста и за исклучување на
светлата на камерата (9)притискајте на копчето Светло/
Осветленост (4) додека не ја постигнете саканата
осветленост одн. не се исклучат светлата.
Зголемување на сликата на екранот (Zoom)
Со кратко притискање на копчето Зголемување (6)
можете да ја зголемите сликата на екранот за 1,5 или 2
пати.
Копче Црно/бело
Со кратко притискање на копчето Црно-бело (3) можете
да го менувате екранот меѓу репродукција на боја и црно-
бела репродукција. Со црно-белата репродукција може
да се подобри контрастот.
Compass View со референтна точка (Up-Indicator)
(види слика D)
Со долго притискање на копчето Црно-бело (3) ќе дојдете
до Compass View (e). Жолтата референтна точка (Up-
Indicator) притоа покажува, каде физички се наоѓа
сликата горе.
1 609 92A 63C | (04.11.2020)
Напомена: ограничена функција при монтирано
огледало (18) и/или при вертикално израмнување на
кабелот од камерата (7)
Статусна лента
Статусната лента (a)се отвора околу 2 s на екранот по
секое притискање на копчињата. Таа ги покажува:
– поставеното зголемување (b)
– поставената светлина (c)
– состојба на наполнетост на батериите (d)
Совети при работењето
Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а
особено внимавајте на пречките или опасните места.
Свиткајте го кабелот на камерата (7) така што главата на
камерата ќе може лесно да се воведе во околината која
треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на
камерата.
Осветленоста на светлата на камерата (9) прилагодете ја
на тој начин што сликата добро ќе се препознае. На пр.
кај предметите што имаат јака рефлексија, може да се
постигне подобра слика со помалку светло.
Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно,
тогаш намалете го или зголемете го растојанието помеѓу
главата на камерата (8) и преметот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Не го потопувајте рачниот уред (1) во вода или други
течности.
Постојано одржувајте ја чистотата на камерата за
проверка. Исчистете ги камерата за проверка и сите
други помошни средства темелно, особено доколку сте
работеле во области со супстанци опасни по здравјето.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Особено редовно чистете ја леќата на камерата (10) и
внимавајте на влакненцата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Bosch Power Tools