Одмрзнување; Менување На Внатрешната Светилка; Репозиционирање На Вратата; Чистење И Грижа - Beko RSSA290M21W Manual Del Usuario

Ocultar thumbs Ver también para RSSA290M21W:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 46
MK
Одмрзнување
Фрижидерот се одмрзнува автоматски.
Водата тече низ цревото за дренажа и се
собира во специјален сад во задниот дел
на уредот. (Слика 5).
За време на одмрзнувањето капки вода
ќе се појават на задниот дел. Некои капки
може да останат по одмрзнувањето и да
се замрзнат. Не користете остри објекти
како ножеви и вилушки за отстранување
на преостанатиот мраз.
Доколку водата не истекува, проверете
дали има осататоци од храна заглавени
во цревото за дренажа.
Проверете цревото да е добро
прицврстено да не дојде до истекување на
водата. (Слика 6).
Менување на внатрешната
светилка
Повикајте овластен сервисер за да ја
смените светилката што служи за
осветлување на ладилникот.
Сијалицата што се користи во овој уред
не служи за осветлување на соби во
домот. Намената на сијалицата е да му
помогне на корисникот да ја стави
храната во фрижидерот безбедно и
удобно.
Сијалиците што се користат во овој
производ треба да ги издржуваат
екстремните физички услови, како што се
температурите под -20° C.
Репозиционирање на вратата
Следете во нумерички редослед (Слика
7).
Инструкции за употреба
Чистење и грижа
1. Пред чистењето препорачуваме да го
исклучите уредот од струја.
2. Никогаш не користете абразивни
средства за чистење како што се
детергенти, сапуни и т.н.
3. Користете топла вода за чистење на
уредот и темелно избришете го.
4. Намокрете крпа во вода со сода
бикарбона и исчистете го уредот.
5. Доколку уредот не го користите
подолго време исклучете го од
струја,извадете ги сите работи и
исчистете го.
6. Препорачуваме металните делови да
ги чистите со силиконски восок (восок за
полирање автомобили)за заштита на
бојата.
7. Прашината која се собира на задниот
дел на уредот треба да се чисти еднаш
годишно со правосмукалка.
8. Проверувајте ја изолацијата на
вратата.
9. Никогаш:
• Не го чистете уредот со несоодветни
средства.
• Не го изложувајте на високи
температури.
• Не чистете со абразивен материјал.
10. Осигурајте се садот кој ја собира
водата да е чист постојано. Доколку
сакате да го извадите садот:
• Исклучете го уредот од струја.
• Извадете го полека чепот на
компресорот, користејќи клешти.
• Подигнете го садот.
• Исчистете и исушете го.
• Вратете во првобитна положба.
5

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido