• Никогаш не ги користете
кабелот за напојување или
пливачкиот прекинувач
за носење, влечење или
исклучување на пумпата
• Кога ја поставувате пумпата,
осигурајте се дека влезните
отвори кај основата за
вшмукување не се ниту
делумно, ниту целосно
затнати; поставете ја пумпата
на цигли доколку се користи
во езерце
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
• Секогаш проверувајте дали
напонот на напојувањето е
назначен на плочката со името
на алатот (исто така, алати
со ознака за 230V или 240V
можат да се приклучат на
напојување од 220V)
• Проверете дали се оштетени
кабелот за напојување и
приклучокот пред употреба
• Осигурајте се дека
електричниот приклучок
и поврзувањето на
приклучницата се поставени
во област каде што не може да
се случи поплавување
• Работете со пумпата само во
базени, градински езерца
и бунари преку уред за
преостанат напон (RCD),
со максимален напон за
активирање од 30 mA
• Поради безбедносни причини,
користете уред за преостанат
напон (RCD) со максимален
напон за активирање од 30
mA секогаш кога ја користите
пумпата
• Во Австрија (според
Австриската електротехничка
асоцијација B/EN 60 555, дел
1-3) пумпите кои се користат
во базени и градински езерца,
а се опремени со цврст кабел
за напојување, треба да се
напојуваат преку изолирачки
трансформатор, одобрен од
Австриската електротехничка
асоцијација; напонот не смее
да изнесува повеќе од 230V
• Користете само продолжен
кабел од типовите H05RN-F
којшто е наменет за употреба
на отворено и е опремен со
приклучок со заштита од вода
и штекер во форма на запалка
• Користете само продолжни
кабли со максимална должина
од 40 метри (1,0 мм²), 60 метри
(1,5 мм²) или 100 метри (2,5
мм²)
• Продолжениот кабел кој го
користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со
капацитет од 16 А
• Проверувајте го продолжниот
кабел од време на време и
сменете го ако е оштетен
98