Macedonian Македонски - Lotus Professional enMotion Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para Professional enMotion:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
МАКедонСКИ
Ви честитаме на одлуката да ја зголемите хигиената и чистотата во вашиот тоалет.
Безконтактиот апарат за држење хартија за бришење раце enMotion® на Lotus
Professional ги користи иновациите на утрешнината и зголемениот капацитет за
бришење раце за да одговори на денешните потреби од поефикасни хигиенски
решенија. Вашиот избор значи определба за обезбедување хигиенската средина
во тоалетот и имиџ на квалитет, како и подобрување на функционирањето на
вашиот тоалет.
алатки и прибор
• Шрафцигер
• Бор-машина
• Молив или пенкало
• Либела (препорачливо)
• 4 шрафови бр.8 (вклучени во испораката)
чекор еден
n
распакување на производот
Отворете ја кутијата и проверете дали во неа се наоѓаат наведените делови:
• Држач за хартија за бришење раце enMotion®
• Клуч за држачот
• 4 алкални батерии LR20 D-Cell
• Упатство
чекор два
n
Составување на држачот
1. Ставете го клучот на долната страна на држачот и отворете го.
2. Одвиткајте го целофанот од батериите.
3. Ставете ги 4-те алкални батерии LR20 D-Cell во преградата за батерии што се наоѓа
на задната страна на држачот. Доколку батериите се правилно поставени ќе светне
црвена светилка.
4. Затворете го држачот. Црвената светилка ќе изгасне.
чекор трИ
n
одредување на местоположбата на држачот
1. При поставување на држачот, оставете барем
10 cm растојание од сите страни.
2. Користете ја шемата отпечатена на кутијата за да ги
најдете отворите за шрафовите.
Забелешка: употребата на постојните отвори за
шрафови, таму каде што е тоа возможно, ќе го
поедностави монтирањето.
чекор четИрИ
n
местење на првата ролна
(Види слики 1-6)
1. Ставете ја ролната како што е прикажано на слика 1.
2. Повлечете ја хартијата кон вас и ставете ја над шипката.
3. Подигнете ја подолната сина шипка и наместете ја хартијата под неа.
4. Подвиткајте го завршетокот од хартијата нагоре во висина од 2 cm
(запците од пониската сина шипка треба да бидат во подвитканиот дел).
5. Штом пониската сина шипка е поставена на место, притиснете го синото копче за
автоматско полнење што се наоѓа долу десно на држачот.
6. Откако листот хартијата ќе се подаде одоздола, скинете го и фрлете го.
чекор пет
n
(Види слики 1-4)
местење на нови/недотрошени ролни
1. Кога дијаметарот на ролната изнесува околу 9 cm, може да додадете нова ролна.
2. Повлечете ја кон вас шипката за блокирање на вртењето на хартијата и свртете ја за
180° надолу сè додека не се блокира. Недотрошената ролна би требало да се најде
сега на дното (намотајте го вишокот хартија назад на ролната).
3. Следете ги сликите од 1 до 4 прикажани во делот „Местење на првата ролна" за да
ставите нова ролна на горниот држач (шипката за трансфер ќе биде во подигната
положба и ќе ја активира/ќе почне да се троши новата ролна).
Забелешка: држачот за хартија ќе ја дуплира хартијата што излегува од него кога
недотрошената ролна е при крај.
4. Затворете го капакот.
1
2
чекор шеСт
n
прилагодување на поставките
Прилагодливите поставки на држачот enMotion® се сместени во внатрешноста на држачот,
долу десно.
2
1,20 m - 1,40 m
1. Системот „Прилагодување на должината на хартијата" (ASL) овозможува да се
избере должината на парчињата хартија што излегуваат од држачот. Може да се
избере меѓу следните опции:
• „S", кратко парче хартија (максимален број на бришења раце)
• „M", средно парче хартија (оптимален капацитет за бришење раце)
• „L", долго парче хартија (најголемо можно парче хартија)
Забелешка: системот ASL е фабрички поставен на опцијата „M". Поставете го ASL
според вашите потреби.
2. Системот „Прилагодливо време на застој" (ATD) овозможува, откако едно парче
хартија ќе се извади од држачот, следните парчиња хартија да се подаваат во
различни временски интервали.
Поставките се: „S", краток застој - „M", среден застој - „L", долг застој.
Забелешка: системот ATD е фабрички поставен на опцијата „M". Поставете го ATD
според вашите потреби.
3. Системот „Режим на подавање" (DM) овозможува да се прилагоди начинот на кој
хартијата ќе му се подава на корисникот. Поставките се:
• „На барање" (хартијата ќе се подаде од држачот кога корисникот ќе го активира
сензорот).
• „Висечка хартија" (хартијата секогаш се гледа. Откако ќе се скине едно парче
хартија, по него ќе се појави друго парче).
Забелешка: системот DM е фабрички поставен на опцијата „На барање". Поставете
го DM според вашите потреби.
4. Системот „Прилагодлив опсег на сензорот" (ASR) на држачот enMotion® овозможува
прилагодување на опсегот на сензорот со цел да се обезбеди сигурно подавање на
хартијата.
Поставките се: „S" (краток опсег) - „M" (среден опсег) - „L" (долг опсег).
Забелешка: системот ASR е фабрички поставен на опцијата „M". Поставете го ASR
според вашите потреби.
чекор Седум
n
ракување со држачот
1. Подавање на хартија за бришење enMotion®.
А. Поминете со раката на растојание од околу 5 cm пред држачот. Хартијата
enMotion® ќе се подаде автоматски.
Б. Штом ќе се појави хартијата, скинете ја за да си ги избришете рацете. Второто парче
хартија не може да се подаде сè додека не се тргне првото парче. Штом ќе се скине
3
4
хартијата, се појавува краток застој за да се избегне залудно трошење хартија.
Забелешка: за прилагодување на застојот, погледнете го чекор 6,
„Прилагодување на поставките".
2. Замена на батериите.
А. Светилката што означува дека батеријата е истрошена е сместена на сензорот за
движење.
Забелешка: кога ќе светне светилката држачот ќе продолжи да работи
ограничен временски период.
1
3
Б. Заменете ги батериите со 4 алкални батерии LR20 D-Cell. Неалкалните батерии
4
траат пократко.
В. Ставете ги батериите како што е прикажано на дијаграмот сместен на
внатрешната страна од капакот на преградата за батерии.
чекор оСум
n
отстранување на проблеми кај држачот
Повлечете парче хартија со движење на раката пред држачот, во опсегот на сензорот и
веднаш искинете го. Повторете ја оваа постапка 1-2 пати за да бидете сигурни дека држачот
работи правилно. Доколку не се подава хартија кога ја придвижувате раката пред држачот,
отворете го држачот и направете го следното:
1. Проверете го излезот за хартија и доколку во него има заглавена хартија исчистете го.
2. Проверете дали хартијата е правилно поставена.
3. Испуштете хартија преку копчето за подавање хартија за да проверите дали има
напојување.
4. Ако нема напојување, проверете дали се правилно поставени батериите.
5. Затворете го капакот од држачот. Црвената светилка ќе се изгасне. Држачот е
подготвен за употреба.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido