MACEDONIAN
Ви честитаме на изборот со кој ќе ја зголемите хигиената и чистотата во вашиот
тоалет. Новиот систем без контакт enMotion® Impulse за бришење раце на Lotus
Professional ја користи иновацијата на утрешнината и зголемениот капацитетот
на бришење за да одговори на денешните потреби за поефикасни хигиенски
решенија. Вашиот избор значи определба за обезбедување хигиенска средина
во тоалетот и имиџ на квалитет, како и подобрување на услугите во тоалетот.
■
АЛАТКИ И НАБАВКИ
• Шрафцигер
• Бор-машина
• Молив или пенкало
• Либела (препорачливо)
• 4 вклучени шрафови, бр. 8
■
ЧЕКОР ЕДЕН
Распакување на држачот
Отворете ја кутијата и побарајте ги наведените компоненти:
• Држач за хартија за бришење раце enMotion® Impulse
• Клуч за држачот
• 3 алкални батерии LR20 D-Cell
• Упатство
■
ЧЕКОР ДВА
Составување на држачот
1. Ставете го клучот на долната страна на држачот и отворете го.
2. Одвиткајте го целофанот од батериите.
3. Ставете ги 3те алкални батерии LR20 D-Cell во делот за батерии што се наоѓа на
задната страна на држачот. Ќе засвети црвена светилка доколку се правилно
поставени батериите.
4. Затворете го држачот. Црвената светилка ќе се изгасне.
■
ЧЕКОР ТРИ
Одредување на местоположба за
поставување
1. Оставете барем 10 цм растојание од сите
страни при поставување на држачот.
2. Видете го урнекот што е отпечатен на
кутијата за да ги најдете отворите за
шрафовите.
Забелешка: употребата на постојните
отвори за шрафови таму каде што е тоа
33,60 cm
возможно ќе го поедноставни процесот на
поставување.
24,13 cm
■
ЧЕКОР ЧЕТИРИ
Поставување на држачот според урнекот што е отпечатен на
кутијата
1. Порамнете го држачот со отворите за шрафовите. Проверете дали е рамен држачот.
Ставете еден шраф во отворот на задната страна на кутијата. Зашрафете го.
2. Вметнете ги сите преостанати шрафови низ отворите за шрафови. Зашрафете ги
сите шрафови.
15,0 cm
12,36 cm
22,86 cm
1,07 m - 1,18 m
■
ЧЕКОР ПЕТ
Местење на првата ролна
(Видете чекор од 1-4)
1. Ставете ја ролната како што е прикажано на слика 1.
2. Повлечете ја хартијата надолу и врз ролерите.
3. Притиснете го копчето за подавање хартија, долу лево на држачот.
4. Штом ќе се подаде хартија преку копчето, искинете едно парче и фрлете го.
1
33,32 cm
3
■
ЧЕКОР ШЕСТ
Прилагодување на поставките
Прилагодливите поставки на држачот enMotion® Impulse се сместени во внатрешноста
на држачот, долу лево.
1. „Системот за „прилагодување на должината на хартијата" (ASL) овозможува
определување на должината на парчињата хартија за бришење. Должината на
хартијата е:
• „S", кратко парче хартија (максимален број на бришење раце);
• „М", просечно парче хартија (оптимален капацитет на бришење раце);
• „L", долго парче хартија (најголема можна хартија).
Забелешка: системот ASL е фабрички поставен на опцијата „L". Поставете го
ASL според вашите потреби.
2. Системот за „прилагодливо време на застој" (ATD) овозможува хартија да
се подава во различни временски интервали штом ќе се извади хартија од
држачот. Поставките се:
• „S", краток застој;
• „M", просечен застој;
• „L", долг застој.
Забелешка: системот ATD е фабрички поставен на опцијата „М". Поставете го
ATD според вашите потреби.
3. Системот за „режим на подавање" овозможува прилагодување на начинот на
кој хартијата ќе му се подава на крајниот корисник. Поставките се:
• „На барање" (хартијата ќе се подаде од држачот кога крајниот корисник ќе
го активира сензорот).
• „Висечка хартија" (хартијата секогаш се гледа. Штом ќе се искине парче
хартија, друго парче ќе се појави по него).
Забелешка: системот DM е фабрички поставен на опцијата „На барање".
Поставете го DM според вашите потреби.
■
ЧЕКОР СЕДУМ
Работа со држачот
1. Хартија за бришење enMotion®
A. Придвижете ја раката на растојание од приближно 5 см пред држачот.
Хартијата enMotion® ќе се подаде автоматски.
Б. Штом ќе се подаде хартија, искинете ја за да ги избришете рацете. Второто
парче хартија не може да се подаде сè додека не се тргне првото парче.
Штом ќе се искине хартијата, се појавува краток застој за да се избегне
залудно трошење хартија.
2
Забелешка: погледнете го чекор 6, „Поставки за прилагодување" за
прилагодување на застојот.
2. Замена на батериите
A. Светилката за „потрошена батерија" е сместена кај сензорот за движење и
посочува дека батеријата е потрошена.
Забелешка: кога ќе се запали светилката, држачот ќе продолжи да работи
ограничен временски период.
Б. Сменете ги батериите со 3 алкални батерии LR20 D-Cell. Неалкалните
4
батерии траат пократко.
В. Ставете ги батериите како што е посочено на дијаграмот од внатрешната
страна на преградата за батерии.
■
ЧЕКОР ОСУМ
Решавање проблеми со држачот
Подавајте хартија со движење на раката пред држачот во опсегот на сензорот и веднаш
искинете ја хартијата. Повторете ја оваа постапка 1-2 пати за да ја потврдите правилната
работа. Ако хартијата не се подаде при придвижување на раката пред држачот, отворете
го и проверете го следното:
1. Проверете дали во внатрешниот канал на хартијата има заглавено хартија.
Исчистете го, ако е неопходно.
2. Проверете дали хартијата е правилно поставена.
3. Подајте хартија преку копчето за подавање хартија за да го потврдите напојувањето.
4. Ако нема напојување, проверете ги батериите за да го потврдите порамнувањето.
5. Затворете го капакот на држачот. Црвената светилка ќе се изгасне. Држачот е
подготвен.