не соодветствува во целост со
производот).
3. Исчистете ја внатрешноста
на ладилникот како што е
препорачано во поглавјето
„Одржување и чистење".
4. Вклучете во ладилникот во
приклучок за струја. Кога вратата
ќе се отвори, соодветното
внатрешно осветлување на
ладилникот ќе се вклучи.
5. Ќе слушнете бучава кога ќе се
вклучи компресорот. Течноста и
гасовите затворени во системот
на ладилникот ја зголемуваат
бучавата, без оглед дали
компресорот е вклучен или не,
тоа е сосема нормално.
6. Предните рабови на ладилникот
може да се малку топли. Тоа е
сосема нормално. Овие области
се дизајнирани да бидат топли за
да се спречи кондензација.
Електрично поврзување
Поврзете го производот во
заземјен штекер што е заштитен
со осигурувач со соодветен
капацитет.
Важно:
•
Поврзувањето мора да биде
усогласено со државните
регулативи.
•
Приклучокот на кабелот за
напојување мора да биде лесно
достапен по приклучувањето.
•
Посочениот напон мора да
биде еднаков на напонот на
напојувањето.
•
Не смее да се користат
продолжни кабли и приклучоци со
повеќе влезови.
B
Квалификуван електричар мора
да го замени оштетениот кабел за
напојување.
B
Производот не смее да работи
пред да се поправи! Постои ризик
од електричен удар!
Фрлање на пакувањето
Материјалот за пакување е
опасен за децата. Чувајте го
материјалот за пакување подалеку
од дофат на децата или фрлете го
класифицирајќи го во согласност
со упатствата за фрлање отпад.
Не фрлајте го заедно со редовниот
домашен отпад.
Пакувањето на ладилникот е
произведено од рециклирачки
материјали.
Фрлање на стариот ладилник
Фрлете го стариот ладилник без
да направите штета за животната
средина.
•
Консултирајте се со овластениот
застапник или со центар за
собирање отпад во вашата
општина за тоа како да го фрлите
ладилникот.
Пред да го фрлите ладилникот,
исечете го кабелот за напојување
и, ако има брави на вратата,
искршете ги за да ги заштитите
децата од каква било опасност.
Поставување и поврзување
A
Ако влезната врата на
просторијата каде што треба да се
смести ладилникот не е доволно
широка за да може тој да помине,
повикајте го овластениот сервис да
ги извади вратите на ладилникот и
тогаш, поминете го ладилникот низ
вратата странично.
14
MK