OBJ_BUCH-2049-001.book Page 126 Thursday, September 5, 2013 9:03 PM
126 | Македонски
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Излезен отвор за ласерскиот зрак
2 Прифат на стативот 1/4"
3 Прекинувач за вклучување/исклучување
4 Копче за начин на работа
5 Приказ на автоматика за нивелирање
6 Натпис за предупредување на ласерот
7 Сериски број
8 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
9 Поклопец на преградата за батеријата
10 Држач
11 Шраф за фиксирање на држачот
12 Отвори за зашрафување на држачот
13 Водилка за појасот
14 Магнет
15 Прифат за стативот 1/4" на држачот
16 Прифат за стативот 5/8" на држачот
17 Заштитна ташна
18 Статив*
19 Ласерски очила*
20 Магнетна целна табла за ласерот
21 Целна табла за ласерот*
22 Мерна плоча со ногарка
23 Универзален држач BM 1*
24 Телескопска рачка*
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на
алкално-мангански батерии.
За да го отворите капакот од преградата за батерии 9
притиснете на механизмот за заклучување 8 во правец на
стрелката и извадете го капакот од преградата за батерии.
Ставете ги испорачаните батерии. Притоа внимавајте на
половите во согласност со приказот на внатрешната
страна од преградата за батерии.
Доколку батериите се слаби, додека е вклучен мерниот
уред, ласерските линии брзо трепкаат околу 5 с.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите. Доколку се подолго
време складирани, батериите може да кородираат и да
се испразнат.
1 618 C00 94T | (5.9.13)
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
„Точност на нивелирањето").
Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 во позиција
„On". Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта две
ласерски линии од излезните отвори 1.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете го прекину-
вачот за вклучување/исклучување 3 во позиција „Off".
При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
Мерниот уред автоматски се исклучува по 30 мин. работа.
Начини на работа (види слики A –C)
Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги
промените во било кое време:
– Хоризонтален режим „–": создава хоризонтална
ласерска линија
– Вертикален режим „l": создава вертикална ласерска
линија
– Режим на вкрстени линии „+": создава хоризонтална и
вертикална ласерска линија.
Сите три начини на работа може да се изберат со и без
автоматика за нивелирање.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со
вкрстени линии со автоматика за нивелирање. За да го
смените начинот на работа, притиснете на копчето за
начин на работа 4.
Доколку светне приказот Автоматика за нивелирање 5,
мерниот уред се наоѓа во режим без автоматика за
нивелирање. Во овој режим, независно од косината на
мерниот уред, непрекинато се прикажуваат односните
ласерски линии.
Bosch Power Tools