Заменете ги двете графитни четкички кога која било од нив ќе има преостаната
должина помала од ¼".
За да ги проверите или да ги замените четкичките прво исклучете ја машината од
мрежниот штекер.
Внимателно извадете ги 14-те завртки од десната страна за да ја извадите само
рачката и капаците на моторот на десната страна. Левите капаци оставете ги на
место. При тоа се вади и вртливиот приклучок на правосмукалката.
Извадете го моторот, но внимавајте првото погонско вратило, лоцирано во
цевката, да остане прикачено на второто погонско вратило. Извадете ги двете
завртки на држачите на четкичките. Кренете ги двата држача на графитните
четкички и извадете ги графитните четкички.
ЗАБЕЛЕШКА: Кога ќе ги враќате графитните четкички назад во држачите на
четкичките, битно е двете фланши да се стават назад во држачот.
ЗАБЕЛЕШКА: За да ги вратите истите четкички, прво осигурајте се дека
четкичките ќе се вратат на истиот начин на кој се извадени. Во спротивно,
ќе се јави период на разработување што ќе ја намали перформансата на
моторот и ќе го зголеми трошењето на четкичките.
Деловите се враќаат по обратен редослед од оној по кој се вадат.
Заменете ги четкичките во држачите, а потоа ставете ги држачите на нивното
место во куќиштето и прицврстете ги завртките.
При ставањето на двете половини на капакот на моторот и рачката, особено
внимавајте на тоа сите жици да бидат на место и да не се во положба да бидат
пригмечени при затегнувањето. Се препорачува барем еднаш годишно да го
однесете алатот во овластен сервис на Spit на темелно чистење и подмачкување.
Доколку е потребна замена на напојниот кабел, тоа треба да биде направено од
страна на производителот или од негов агент, со цел да се избегне безбедносен
ризик.
Ослободете се од вашите апарати, приборот и пакувањето на начин што не ја
загрозува животната средина.
„Англиската верзија на овој прирачник е единствената легална верзија."
128
128