Полнење На Батеријата; Вметнување/Замена На Сечилото За Пилата - Bosch EasySaw 18V-70 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para EasySaw 18V-70:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
178 | Македонски
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата
за отворање (5) и извлечете ја батеријата нагоре од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот за наполнетост на батеријата (3) ја покажува
наполнетоста на батеријата доколку електричниот алат е
вклучен и се состои од 3 зелени LED-светилки.
1 609 92A 64Y | (12.07.2021)
LED-светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Бавно трепкање на светлото 1× зелено 0–10 %
3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на
батеријата (3) брзо трепкаат, доколку температурата на
батеријата е надвор од опсегот на работна температура
од −20 до +50 °C и/или реагира заштитата од
преоптоварување.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
При ставање или при замена на електричниот алат
u
носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување
се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пила
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете
на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за
пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило) или со
1/4"-универзално сечило (U-сечило). Сечилото за пила
не треба да биде подолго отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за
пила.
Вметнување на сечилото за пила (види слика A)
Исчистете го сечилото на листот за пила пред
u
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак (8).
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (14) во
правецот на стрелките нагоре. Потоа вметнете го
сечилото за пила (10), со запците во правец на сечењето,
до крај во правец на прифатот за сечилото за пила.
При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа
задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (12).
Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
u
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и
да Ве повреди.
Вадење на сечилото за пила (види слика B)
Вметнете го прифатот за сечилото за пила (14) во
правецот на стрелките нагоре и извадете го сечилото
(10).
Депо за сечило за пила (опрема) (види слика C)
Во депото за сечила за пила (16) можете да чувате до
шест сечила со должина до 110 mm. Вметнете ги
сечилата за пила со сечило со еден заоблен дел
(T‑сечило) во процепот предвиден за нив во депото за
сечила за пила. Може да бидат поставени едно преку
друго до три сечила за пила.
Затворете го депото за сечила за пила и вметнете го до
крај во процепот на основната плоча (7).
Капацитет
66–100 %
33–66 %
11–33 %
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido