• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за
да определите дали користењето на уредот може да влијае
врз работата на вашиот медицински уред.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно –
може да ја оштетите батеријата, а тоа може да предизвика
прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на вградената
батерија во вашиот уред треба да го врши Honor или
овластен давател на услуги.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и
директна сончева светлина. Не ставајте ја на или во уреди за
затоплување. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не
фрлајте ја и не гмечете ја. Не ставајте туѓи тела во неа, не
потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна
сила или притисок бидејќи тоа може да предизвика
истекување, прегревање и запалување, па дури и да
експлодира.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или
амбалажата значат дека производите и батериите треба да се
однесат во посебни места за собирање отпад одредени од
локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се
обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема
ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува
вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и
околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните
власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од
домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://www.hihonor.com/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg
над 10 грама ткиво. Уредот ги исполнува спецификациите за RF
кога се користи во близина на увото или на растојание од 0,50
cm од телото. Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на
глава: 0,80 W/kg; SAR на тело: 1,10 W/kg.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Honor Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред NTH-NX9 е
во согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS
2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ. Целиот текст на Декларацијата за
усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите
информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава
интернет-адреса:
https://www.hihonor.com/global/legal/certification/.
Ограничувања во опсегот од 5 GHz:
Фреквентниот опсег од 5150 до 5350 MHz е ограничен на
употреба во затворен простор во следниве земји: AT, BE, BG, CH,
CY, CZ, DE, DK, EE, EL, ES, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV, MT,
NL, NO, PL, PT, RO, SE, SI, SK, TR, UK(NI).
Фреквентни опсези и моќност
GSM900: 35.5dBm, GSM1800: 32.5dBm, WCDMA900/2100:
25.7dBm, LTE Band 1/3/7/8/20/28/34/38/40: 25.7dBm, 5G NR Band
n1/n3/n7/n8/n28/n38/n40/n41/n77: 26dBm, 5G NR Band n78:
29dBm, Bluetooth 2.4GHz: 20dBm, Wi-Fi 2.4GHz: 20dBm, Wi-Fi 5G:
5150-5250MHz: 23dBm, 5250-5350MHz: 23dBm, 5470-5725MHz:
23dBm, 5725-5850MHz: 14dBm, NFC 13,56 MHz: 42 dBμA/m @ 10
m
Авторски права © Honor Device Co., Ltd. 2021. Сите права се
задржани..
Srpski
32