Hitachi 70HL7300 Manual Del Usuario página 743

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 340
Поставете ги преференциите за земјата на
следниот екран. Во зависност од изборот од менито
Земја, може ќе треба да поставите и да потврдите
ПИН во овој момент. Избраниот ПИН не може да
биде 0000. Мора да го внесете ако од вас се бара
да внесете ПИН за некоја операција од менито
подоцна.
Забелешка: Видот M7-оператор(*) ќе биде зададен
според изборот на Јазик и Земја кој сте го направиле за
време на Првата инсталација.
(*) M7 е доставувач на дигитални сателитски услуги.
Можете да ја активирате опцијата режими за
продавница во следниот чекор. Оваа опција
ќе ги конфигурира поставките ТВ-уредот за
во продавница и во зависност од користениот
модел на ТВ-уред, поддржаните одлики на
телевизорот може да бидат прикажани на врвот
на екранот во вид на информациска лента или
може да се репродуцира прединсталираната
видео-датотека. Оваа опција е наменета само
за користење за во продавница. Се препорачува
да изберете режим за дома за користење дома.
Опцијата Режим за складирање ќе биде достапна
во менито Поставки>Систем>Повеќе и вашата
преференција за оваа поставка може подоцна
да се смени. Изберете и притиснете OK за да
продолжите.
Во зависност од моделот на Вашиот ТВ-уред, во
овој момент може да се појави екранот за избор
на режимот на слика. За Вашиот ТВ-уред да троши
помалку енергија и да биде поеколошки, изберете
Природно и притиснете ОК за да продолжите.
Ако изберете Динамика и притиснете OK, ќе се
покаже дијалог за потврдување. Изберете Да и
притиснете ОК за да продолжите. Подоцна можете
да го смените изборот со опцијата Режим во менито
Поставки>Слика.
Во зависност од моделот на Вашиот ТВ-уред и
изборот на земјата, во овој момент може да се
појави менито Поставки за приватност. Со ова
мени можете да ги поставите своите овластувања
за приватноста. Обележете карактеристика и
користете ги копчињата за лево и десно или
копчето ОК за да ја активирате или деактивирате.
Прочитајте ги релевантните објаснувања
прикажани на екрано за секоја обележана одлика
пред да направите какви било промени. Може
да ги користите кочињата Programme +/- за да
го поместувате нагоре или надолу текстот за
да го прочитате целиот. Ќе може да ги смените
своите преференции во кое било време подоцна
од менито Поставки>Систем>Приватност.
Ако е деактивирана опцијата Интернет врска,
екранот ќе се прескокне и нема да се прикаже.
Ако имате прашања, поплаки или коментари во
врска со политиката за приватност или нејзиното
спроведување, контактирајте нѐ на следната
е-пошта: smarttvsecurity@vosshub.com.
Означете со Следно и притиснете го копчето OK
на далечинскиот управувач за да продолжите
и ќе се прикаже менито Поставки за мрежа/
интернет. Прочитајте го делот Поврзување ако
ви требаат информации за конфигурирање на
жичена или безжична врска (достапноста зависи
од моделот) и други достапни опции. Ако сакате
вашиот ТВ-уред да троши помалку струја во режим
на мирување, може да ја деактивирате опцијата
Режим на мирување регулиран преку мрежа
ако ја поставите на Исклучено. Откако ќе бидат
готови поставките, означете Следно и притиснете
го копчето OK за да продолжите.
На следниот екран може да ги поставите
преференциите за видовите емитувања кои ќе се
пребаруваат, да поставите кодирано пребарување
канали и временска зона (во зависност од
избраната земја) Дополнително, можете да
поставите еден вид емитување како свој омилен.
Приоритет ќе има избраниот вид емитување во
текот на процесот на пребарување и каналите ќе
бидат наведени на врвот на списокот канали. Кога
ќе завршите, одберете ја Следно и притиснете ОК
за да продолжите.
За избирање на типот емитување
За да ја вклучите опцијата за пребарување на
видот емитување, означете ја и притиснете
ОК, или копчето за правци Лево или Десно.
Полето за штиклирање до избраната опција ќе
биде штиклирано. За да ја исклучите опцијата
за пребарување, отштиклирајте го полето за
штиклирање со притискање ОК, или копчето за
насоки Лево или Десно, по поместување на фокусот
на опцијата посакуван вид емитување.
Дигитална антена: Ако е вклучена опцијата за
пребарување на антенско емитување, ТВ-уредот
ќе пребарува дигитални земјени емитувања откако
ќе бидат завршени други иницијални поставки.
Дигитален кабел: Ако е вклучена опцијата за
пребарување кабелско емитување, ТВ-уредот ќе
пребарува дигитални кабелски емитувања откако ќе
бидат завршени други иницијални поставки. Ќе се
прикаже дијалог во зависност од изборот на држава
пред да се почне пребарувањето кој ќе ве прашува
дали сакате да извршите пребарување на кабелски
мрежи. Ако изберете Да и притиснете ОК, може
да изберете Мрежа или да поставите вредности
како Фреквенција, Идент. на мрежа и Чекор на
пребарување на следниот екран. Ако изберете Не
и притиснете OK или ако дијалогот за избирање
на мрежа не е прикажан, може да поставите
Почни фреквенција, Прекини фреквенција и
Чекор на пребарување на следниот екран. Кога
Македонски - 15 -

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido