Ќе се прикаже дијалог екран кој прашува за
активирање на родителската контрола. Ако
изберете Да, ќе се прикажат опциите за родителски
забрани. Конфигурирајте според желба и
притиснете ОК кога ќе завршите. Изберете Не и
притиснете OK за да продолжите ако не сакате да
ги активирате родителските забрани.
По завршувањето на иницијалните поставки,
ТV-уредот ќе почне да ги бара активираните
емитувања за избраните видови емитување.
Додека трае пребарувањето, тековните резултати
од скенирањето ќе се прикажат на дното на екранот.
Може да го притиснете копчето Мени, Назад или
Излез за да го поништите пребарувањето. Каналите
што веќе биде најдени ќе бидат складирани во
списокот со канали.
По зачувувањето на сите активни станици, ќе се
прикаже менито Канали. Можете да го менувате
списокот канали според Вашите претпочитани
вредности со опциите Уреди картичка или со
притискање на копчето Home за да прекинете и
да гледате телевизија.
Додека трае потрагата, може да се појави дијалог
кој прашува дали сакате да ги распоредите
каналите според ЛКБ(*). Изберете ДА и притиснете
на OK за да потврдите.
(*) ЛКБ е систем на логични броеви на канали што
ги организира достапните преноси во согласност со
препознатлива секвенца на броеви на канали (ако се
достапни).
Забелешки:
За пребарување канали M7 по првата инсталација,
треба да направите повторно прва инсталација. Или
притиснето го копчето Home и влезете во менито
Поставки>Инсталација>Автоматско скенирање
канали>Сателит. Потоа следете ги истите чекори
наведени подоре во делот за сателити.
Не исклучувајте го телевизорот при иницијализацијата
на првичната инсталација. Забележете дека може да
не се достапни истите опции во зависност од изборот
на земјата.
Користење на одликата Табела на
сателитски канали
Можете да ги извршите овие операции со
менито Поставки>Инсталација>Сателитски
поставки>Табела на сателитски канали. Има
две опции во однос на оваа одлика.
Можете да преземате или да поставувате податоци
од табелата сателиски канали. За да ги изведе овие
функции, мора да се поврзе УСБ-уред со ТВ-уредот.
Можете да поставите тековни услуги и соодветни
сателити и транспондери во ТВ-уредот на УСБ-
уред.
Дополнително, можете да преземете една од
датотеките од датотеките на табелата сателитски
канали зачувани на УСБ-уред на ТВ-уредот.
Кога ќе изберете една од овие датотеки, сите услуги
и поврзани сателити и транспондери во избраната
датотека ќе бидат зачувани во ТВ-уредот. Ако
има некакви инсталирани земни, кабелски и/или
аналогни услуги, ќе бидат зачувани и ќе бидат
отстранети само сателитските услуги.
Потоа, проверете ги поставките на антената и
направете измени, ако има потреба. Може да се
појави порака за јавување грешка „Нема сигнал"
ако поставките на антената не се конфигурирани
правилно.
Репродуцирање на медиуми со УСБ влез
Можете да поврзете 2,5" и 3,5" инчни надворешни тврди
дискови (со надворешно напојување) или УСБ-меморија
на ТВ преку УСБ-влезовите на ТВ-уредот.
ВАЖНО: Направете резервна копија на датотеките
на уредите за чување пред да ги поврзете на
телевизорот. Производителот нема да биде
одговорен за какво било оштетување на датотеките
или загуба на податоци. Можно е одредени
видови на USB-уреди (на пр. MP3-плеери) да не
се компатибилни со овој ТВ-уред. Телевизорот
поддржува FAT32 и NTFS формати на дискот,
но снимањето нема да биде можно со дискови
форматирани во NTFS.
Може да настанат одредени проблеми при
форматирањето на УСБ тврди дискови поголеми
од 1 ТВ (терабајт).
Почекајте малку помеѓу секое вклучување и
исклучување бидејќи уредот можеби cè уште
чита датотеки. Ова може да предизвика физичко
оштетување на USB плеерот и самиот USB
уред. Не извлекувајте го USB-модулот додека се
репродуцира датотека.
Можете да користите УСБ-хабови со УСБ-
влезовите на вашиот ТВ. Надворешен електричен
извор на УСБ хабови се препорачува во таков
случај.
Се препорачува да се користат УСБ-влезовите на
ТВ-уредот директно, ако сакате да конектирате
УСБ-хард диск.
Забелешка: Кога прегледувате медиумски датотеки,
Прегледувачот на медиуми може да прикажува само
максимум 1 000 медиумски датотеки од папка.
USB-снимање (по избор)
Снимање програма
ВАЖНО: Кога користите нов УСБ-цврст диск,
се препорачува прво да го форматирате дискот
с о опцијата Форматирај диск во менито
ТВ>Снимки>Поставки.
За да снимите програма, прво треба да поврзете
УСБ-диск со Вашиот телевизор додека телевизорот
е исклучен. Тогаш треба да го вклучите ТВ-уредот
за да се појави опцијата за снимање.
Македонски - 17 -