за снимање за подоцнежно гледање. Достапните
опции се произволни и вистинското времетраење
на снимањето може во пракса да се смени,
во зависност од емитувањето. Резервираните
вредности и тие на слободниот простор за
складирање ќе се сменат во согласност со оваа
поставка. Проверете дали имате доволно слободен
простор, инаку нема да биде возможно инстант
снимање.
Автоотфрлање: Може да го поставите видот
Отфрлање на Никакво, Најстаро, Најдолго
или Најкратко. Ако не е поставено на Никакво,
може да ја поставите опцијата Нерепродуцирано
на Додадено или Недодадено. Овие опции
ги определуваат преференциите за бришење
на снимките за да се добие повеќе простор за
складирање за тековни снимки.
Информации за хард дискот: Може да гледате
детални информации за УСБ-уредот за скалдирање
поврзан со вашиот ТВ-уред. Означете и притиснете
ОК за да видите и притиснете Назад/Врати се за
да затворите.
Форматирање на диск: Ако сак ате да ги
избришете сите датотеки на поврзаниот УСБ-
уред за складирање и да го смените форматот на
дискот на FAT32, може да ја користите оваа опција.
Притиснете на копчето ОК кога е селектирана
опцијата Format Disk. На екранот ќе се појави мени,
со барање за вашиот PIN(*). Откако ќе внесете
PIN, ќе се прикаже потврдна порака. Изберете Да
и притиснете ОК за да поченте да го форматирате
УСБ-уредот за складирање. Изберете Не и
притиснете на OK за да откажете.
(*) Стандардната вредност на ПИН-бројот може да се
постави како 0000 или 1234. Ако имате избран ПИН (се
бара во зависност од изборот на земја) при првичното
инсталирање користете го ПИН-бројот што го имате
избрано.
ВАЖНО: Форматирањето на УСБ-дискот ќе ги
избрише СИТЕ податоци на него и системот
на датотеки ќе биде конвертиран во FAT32. Во
најголем дел случаи грешките на ракувањето ќе
бидат поправени по форматирањето, но ќе ги
изгубите СИТЕ податоци.
Ако пораката „Брзината на пренесување на USB-
дискот е многу бавна за снимање" се прикаже
на екранот кога започнувате со снимање, пробајте
да го рестартирате снимањето. Ако и после тоа ја
добиете истата грешка, можно е вашиот USB-диск
да не е во согласност со барањата за брзина.
Пробајте да поврзете друг USB-диск.
Прелистувач на медиуми
Може да пуштате слики, музика и видеа кои се
зачувани на УСБ-уред со негово поврзување на
телевизорот. Поврзете УСБ-уред на еден од УСБ
влезовите на страна на ТВ-уредот.
По поврзување на УСБ-уредот за ТВ-уредот, на
екранот ќе се прикаже менито Извори. Изберете
ја соодветната опција за УСБ-влез од ова мени и
притиснете ОК. На екранот ќе се прикаже мениот
Листач на медиуми. Потоа, изберете ја датотеката
по свој избор и притиснете ОК за да се прикаже
или да се репродуцира. Може да пристапите до
содржината на поврзаниот УСБ-уред во секое
време од менито Извори. Можете исто така да
го притиснете копчето Source на далечинскиот
управувач и потоа да го исберете својот УСБ-уред
за складирање од списокот извори.
Приоритетите за прелистувачот на медиуми можете
да ги поставите со помош на менито Поставки.
До менито за Поставки може да се пристапи
преку лентата за информации која е прикажана
на дното на екранот кога ќе се репродуцира видео
или аудио датотека или се прикажува датотека-
слика. Притиснете го копчето Info слектирајте
го симболот со запченикот на десната страна на
информативната лента и притиснете ОК. Може
да бидат достапни менијата Picture Settings
(Поставки на слика), Sound Settings (Поставки
на звук), Media Browser Settings (Поставки на
Прелистувач на медиуми) и Options (Опции),
во зависност од типот на фајлот на медиумот
и од моделот на вашиот ТВ и неговите одлики.
Содржината на овие менија може да се разликува
во согласност со видот на моментално отворената
медиумска датотека. Само менито Поставки за
звук ќе биде достапно додека се репродуцираат
аудио датотеки.
Операција Циклус/Мешање режим
Почнете репродукција и
активирајте
Почнете репродукција и
активирајте
Почнете репродукција и
активирајте
Почнете репродукција и
активирајте
За да ги користите функциите на информативната
лента, селектирајте го симболот на функцијата
и притиснете ОК. За да го смените статусот на
функцијата селектирајте го симболот на функцијата
и притискајте го копчето ОК колку што треба. Ако
симболот е означен со црвен крст, тоа значи дека
е деактивиран.
Македонски - 19 -
Сите датотеки
од листата ќе
бидат пуштени во
оригинален редослед.
Истата датотека ќе се
повторува во циклус
(повторување).
Сите датотеки од
листата ќе бидат
пуштени еднаш во
оригинален редослед.
Сите датотеки
од списокот ќе
бидат постојано
репродуцирани
,
по истиот случаен
редослед.