Bosch GSA 36 V-LI Professional Manual Original página 157

Ocultar thumbs Ver también para GSA 36 V-LI Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 26
OBJ_BUCH-303-007.book Page 157 Wednesday, September 21, 2016 10:32 AM
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU,
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми: EN 60745-1,
EN 60745-2-11, EN 50581.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ECS,
70538 Stuttgart, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ECS
Robert Bosch Power Tools GmbH
70538 Stuttgart, GERMANY
Stuttgart, 01.01.2017
Монтажа
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите коишто се наведени во
Технички податоци. Само овие уреди за полнење се
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 10 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 9.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
Bosch Power Tools
За да ја извадите батеријата 10:
– Притиснете ја батеријата наспроти основата на
електричниот апарат (1.) и истовремено на копчето за
отворање 9 (2.).
– Извлечете ја батеријата од електричниот апарат,
додека не се појави една црвена лента (3.).
– Уште еднаш притиснете го копчето за отворање 9 и
целосно извадете ја батеријата.
Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика A)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 12 ја покажуваат наполнетоста на батеријата
10. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го копчето 13, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата (ова исто така е возможно и кога е извадена
батеријата). По околу 5 секунди приказот за наполнетост
сам се гаси.
LED
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 13 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
За време на процесот на полнење трите зелени LED светла
светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е
целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла посто-
јано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни целосно
батеријата, трите зелени LED светла повторно се гасат.
Вметнување/замена на листот за пилата
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
 При монтажа на листот од пилата носете заштитни
ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.
 При менувањето на листовите за пила внимавајте на
тоа, на прифатот за листот на пилата да нема
остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални
струготини.
Избор на лист за пилата
Користете само листови за пила што се соодветни за
материјалот што се обработува.
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
почетокот од ова упатство. Ставајте само листови за пила
со ½"-универзален држач. Листот за пилата не треба да
биде подолг отколку што е потребно за предвидениот рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика B)
Притиснете го листот за пилата 1 силно во прифатот за
лист на пила 3, додека не се вклопи правилно. Притоа
чаурата за блокирање 4 се врти за околу 90° и го
заклучува листот за пилата.
1 609 92A 2MY | (21.9.16)
Македонски | 157
Капацитет
≥2/3
≥1/3
<1/3
Резерва

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido