контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во
вашето тело.
m) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат.Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
n) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
o) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти,
како на диск за брусење, подножје за брусење, четка со
жица итн. Заглавувањето или блокирањето доведува до
неодложно стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува
во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот
или настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот
во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат
исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
a) ржете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете
да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за
да можете да имате максимална можна контрола над
силите од повратниот удар или на моментите на реакција
при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина
на прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот
може да биде исфрлен врз вашата рака.
c) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое
електро-алатот се движи во случај на повратен удар.
Повратниот удар го води електро-алатот во спротивна насока
од насоката на движење на дискот за брусење на местото за
спојување.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е склон
кон заглавување. Тоа предизвикува губење на контролата или
повратен удар.
e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или
запчаници. Таквите орудија за примена честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на котролата врз
електро-орудието.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење
што се одобрени за вашиот електро-алат како и
заштитната капа што е предвидена за таквите алати
за брусење. Алати за брусење, коишто не се предвидени за
електро-алатот, не можат да бидат доволно заштитени и се
несигурни.
b) На косо сечени листови за стружење мора да бидат
монтирани на тој начин што нивната површина за
стружење нема да излегува надвор од нивото на работ на
заштитната хауба. Нестручно монтиран диск за стружење кој
што излегува надвор од нивото на работ на заштитната хауба не
може да биде доволно заштитен.
c) Заштитната капа мора да биде сигурно поставена
на електро-алатот и да биде така нагодена, што ќе се
постигне максимално ниво на безбедност, тоа значи
најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон
операторот. Заштитната капа треба да го штити операторот од
парчиња и од случаен контакт со телото за брусење.
d) Телата за брусење смеат да се употребуваат само
за препорачаните можности за употреба. На пример:
никогаш не брусење со страничната површина од диск за
делење. Дисковите за делење се наменети за отстранување на
материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила врз
овие тела за брусење може да ги скрши истите.
e) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте
ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна
големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дискот
за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на
дискот за брусење. Фланшите за дискови за делење можат да се
разликуваат од фланшите за други дискови за брусење.
f) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро-алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи кај
помалите електро-алати и можат да се скршат.
руги специјални безбедносни упатства за брусење со
делење:
a) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот
за делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за повратен
удар или за кршење на телото за брусење.
b) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот за
обработка во насока подалеку од себе, во случај на повратен удар
електро-алатот со дискот што се врти, може да се насочи директно
кон вас.
c) околку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро-алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба
на мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може
да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
d) Не вклучувајте го електро-алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. озволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за обработка
или да предизвика повратен удар.
Македонски
159
Mak