Mk Упатства За Ракување - MIRKA PROS 525NV Instrucciones De Manejo

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 57
Правилна употреба на алатот
Оваа брусилка е наменета за брусење на сите видови материјали, т .е . метали, дрво, камен, пластика, итн . со
помош на брусна хартија наменета за таа цел . Не ја користете оваа брусилка за никаква друга намена, освен
наведената, без да се посоветувате со продавач на компанијата Mirka . Користете само оригинални потпорни
подлоги на компанијата Mirka од 125 mm (5") или 150 mm (6") кои се дизајнирани за оптимални перформанси
со заптивката на кочницата . Никогаш не монтирајте потпорна подлога без подметка за одвојување . Другите
потпорни подлоги можат да ги намалат перформансите и да ги зголемат вибрациите .
Работни станици
Алатот е наменет за употреба како рачен алат . Се препорачува алатот да го користите само кога стоите на цврсто
тло . Алатот може да се користи во секаква положба, но пред секоја таква употреба операторот мора да биде
во безбедна положба, цврсто да го држи алатот, стабилно да стои и да има предвид дека вртежниот момент на
брусилката во случај на отпор може да ја придвижи брусилката во насока обратна од вртењето на работниот
дел . Видете го заглавието „Упатства за ракување" .
Упатства за ракување
При отпакувањето на алатот проверете дали тој е цел, комплетен и неоштетен при транспортот . Никогаш не
користете оштетен алат .
За да го поврзете доводот на воздух, подигнете го капакот и поврзете го доводот на воздух . Затворете го
капакот пред да го употребувате алатот . Користете довод на воздух со чисто подмачкување кој ќе обезбеди
правилен воздушен притисок на алатот од 6,2 bar (90 psig), кога алатот работи со рачката притисната до крај . Се
препорачува употреба на одобрено црево за воздух со максимална должина од 10 mm (3/8") x 8 m (25 ft .) . Алатот
треба да биде приклучен на доводот на воздух на начинот прикажан во слика 1 .
Не го приклучувајте алатот на систем со компримиран воздух ако не е поставен вентил за прекин на доводот
на воздух со кој лесно може да се ракува и кој е лесно пристапен . Строго се препорачува да се користи филтер
за воздух, регулатор и подмачкувач (FRL), како што е прикажано во слика 1, бидејќи само така на алатот ќе му
обезбедите довод на чист, подмачкан воздух со правилен притисок . Детални информации за таквата опрема
можете да добиете од вашиот снабдувач . Во случај да не се користи таква опрема, алатот треба да се подмачкува
рачно .
За рачно да го подмачкате алатот, отстранете го цревото за воздух и нанесете 2 до 3 капки од испорачаното
масло или масло Wurth, дел бр . 08930505 во конекторот за воздух на алатот . Повторно приклучете го алатот на
доводот на воздух и оставете полека да работи неколку секунди за да овозможите циркулирање на маслото со
помош на воздухот . Ако алатот се користи често, подмачкувајте го секојдневно .
Подмачкајте го алатот пред складирање на подолго време или во случај алатот да успорува/да губи моќност .
За време на работењето се препорачува воздушниот притисок во алатот да изнесува 6,2 bar (90 psig) . Алатот
може да работи и при понизок притисок, но никогаш при притисок повисок од 6,2 bar (90 psig) .
Слика 1
Филтер
Регулатор
Подмачкувач
Црево за довод на воздух до алатот
Mirka® PROS • 150 mm (6") • 125 mm (5")
mk
137

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido