136 | Македонски
Клучот за затегнување на главата за дупчење (9) ставете
го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење
(10) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за навртување (види слика D)
При користење на битови за одвртувачот (11) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (12).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (2) на ознаката „Дупчење".
Менување на главата за дупчење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Кај електричните апарати без заклучување на
u
вретеното за дупчење, главата за дупчење мора да
биде заменета од страна на овластена сервисна
служба за електрични алати од Bosch.
Демонтирање на главата за дупчење (види слика E)
Демонтирајте ја дополнителната рачка (7) и наместете го
прекинувачот за брзина на средната позиција помеѓу 1. и
2. брзина.
Ставете една челична чивија Ø 4 mm со околу 50 mm
должина во дупката на грлото од вретеното, за да го
блокирате вретеното за дупчење. Клучот со внатрешна
шестаголна глава (13) со краток крак зацврстете го во
брзозатегнувачката глава за дупчење (1).
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот
алат и олабавете ја брзозатегнувачката глава (1) со
вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (13) во
правец ➊. Со лесен удар на долгиот крак на клучот со
внатрешна шестаголна глава (13) се олабавува цврсто
вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете
го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете
ја истата.
Монтирање на главата за дупчење (види слика F)
Монтажата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1)
ќе ја извршите по обратен редослед.
По извршената монтажа на главата за дупчење,
u
повторно извадете ја челичната чивија од дупката.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена
со вртежен момент од 30 – 35 Nm.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
1 609 92A 5B6 | (05.08.2019)
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување правец на вртење (види слики G–H)
Активирајте го прекинувачот за менување на
u
правецот на вртење (3) само кога електричниот
алат е во мирување од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (3)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (5) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и навртување на завртки
притиснете го прекинувачот за правец на вртење (3) на
левата страна нагоре и истовремено на десната страна
надолу.
Лев тек: За олабавување и одвртување на завртки и
навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење
(3) на левата страна надолу и истовремено на десната
страна нагоре.
Подесување на режимот на работа
Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Дупчење".
Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот (2) на ознаката
„Ударно дупчење".
Прекинувачот (2) ќе се вклопи и може да се
активира и додека работи моторот.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) и држете го притиснат.
Bosch Power Tools