SKIL MASTERS 5885 Manual Original página 143

Ocultar thumbs Ver también para 5885:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 45
• Во случај на атипично однесување или непознати
звуци, веднаш исклучете го алатот и извлечете го
штекерот од електричниот приклучок
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
• По исклучувањето на циркуларната пила, никогаш
немојте да го сопирате вртењето на пилата со сила
УПОТРЕБА
• Поставување на сечилото за пилата 3
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- земете хексагонален клуч A од складот B
- притиснете го копчето за заклучување на вретеното
C и држете го притиснато додека го отстранувате
резот на сечилото D со помош на инбус
! копчето за заклучување на вретеното C
притиснете го кога електричниот алат целосно
ќе застане
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното C
- отстранете го штитникот E
- отворете го долниот заштитник F со рачката G и
држете го додека го поставувате сечилото за
пилата со запчите и стрелката коишто се
отпечатени на сечилото насочени во ист правец
како и стрелката на долниот заштитник
- олабавете го долниот заштитен механизам F
- поставете штитник E
! проверете дали површините со спрегите H на
штитникот се целосно чисти и свртете го
сечилото
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното C и држете го притиснато додека го
прицврстувате резот на сечилото со помош на
инбус за 1/8 вртења по што треба да затегнете со
прстите (така се осигурува лизгањето на сечилото
на пилата кога ќе дојде до прекумерен отпор и
оптеретување на моторот и повратен удар на
пилата)
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното C
• Подесување на длабочината на сечењето (0-85 мм)
4
- заради оптимален квалитет на сечењето,
сечилото на пилата не би требало да биде подолго
од 3 мм под делот за работа
- пуштете ја рачката J
- подигнете/спуштете го нивото K додека не ја
подесите саканата длабочина за сечење, на
скалата, со користење на индикаторот L
- прицврсте ја рачката J
• Подесување на аголот на сечење (0-45°) 5
- разлабавете ги 2 регулаторите M
- налегнувајте го алатот додека не го подесите
саканиот агол на сечење, со користење на
индикаторот N
- затегнете ги 2 регулаторите M
! при косо сечење, длабочината на сечењето не
одговара на вредностите на прикажаната
скала за длабочина на сечењето
• Проверка на аголот за сечење од 90° 5
- подесете и прицврстете го нивото K на
максимална длабочина за сечење 4
- подесете и прицврстете го аголот на сечење на 0°
- проверете го аголот од 90° помеѓу двете сечила и
дното на нивото, со помош на квадрат
- ако е потребно прилагодување, разлабавете ги 2
регулаторите M и употребете шрафцигер за
прилагодување P како што е прикажано на
сликата
• Индикатор за подесување на линијата на сечењето
Q 7
- за водење на електричниот алат низ саканата
линија означена на местото на работата
- за рамно сечење под агол од 0° или косо сечење
под агол од 45° користете ја линијата на
индикаторот
- ви овозможува да изберете дали отпадниот
материјал да паѓа на внатрешната или на
надворешната страна на сечилото
! широкиот дел на нивото би требало да стои а
потпирачот на местото каде се работи
! широчината на сечењето се определува со
широчината на запците на сечилото, а не со
широчината на сечилото
! секогаш најпрво изведете пробно сечење за
да ја проверите вистинската линија на
сечењето
• Електронско меко вклучување 8
Обезбедува внимателно постигнување максимална
брзина без неочекувано влијание кога ќе се вклучи
алатот
• Вшмукување прашина
- приклучете ја правосмукалката на продолжетокот
R 9
! никогаш не дозволувајте цревото на
правосмукалката да дојде во допир со
долниот заштитен механизам или со
операцијата на сечење
- може да се употребува и кеса за прашина (SKIL
прибор 2610387402)
! не користете кеса за прашина/правосмукалка
кога сечете метал
• Работа со алатот 9
- вклучете го штекерот во извор на струја
- со едната рака секогаш држете ја рачката S
цврсто, а со другата силно држете ја рачката T
- поставете го електричниот алат со предниот крај
на рамното ниво на местото каде работите
! проверете запците на пилата да не се
закачени на местото каде се работи
- вклучете го алатот така што прво притиснете го
копчето U (= заштитно копче кое не може да се
блокира), а потоа повлечете го прекинувачот V
! електричниот алат би требало да се наоѓа во
полна брзина пред сечилото да дојде во допир
со местото каде се работи
- долниот заштитен механизам F автоматски се
отвара кога сечилото продира во местото каде се
работи (рачно отворете го долниот заштитен
механизам со помош на рачката G, само за посебни
видови сечење, на пример за длабинско сечење)
143

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido