- извадете го ножот од блокот за сечење со парче
дрво
- вратете го ножот во блокот за сечење во обратна
положба, или употребете нов нож
! жлебот во ножот треба да се совпаѓа со
исфрлениот дел во блокот за сечење
! и двата краја на ножот треба да бидат еднакво
исфрлени
- затегнете 3 навртки B со клучот
! променете/заменете ги ножевите на време;
користете само остри ножеви
! секогаш сменете/заменете ги ножевите во исто
време
! не се обидувајте да ги нагодите ножевите
со навртките C од делот за сечење, коишто
претходно се нагодени при производството
•
Нагодување на длабочината на стружење 7
- вртете го регулаторот D во правецот "+"/"-" за
зголемување/намалување на длабочината на
стругање
- користете индикатор E како показател
- секогаш одберете мала длабочибна за стругање
и повторете го стружењето и процесот на
нагодување се додека не се постигне саканата
длабочина
•
Излез за деланки 8
- поврзете ја правосмукалката со адаптер F за
излезот за деланките G како што е прикажано на
сликата
! не обидувајте се да отстранувате препреки кај
излезот за деланките кога ротираат сечивата
- редовно чистете го исфрлувачот на струготини G
- за чистење на затнатиот исфрлувач на струготини
користете соодветен алат (напр. дрвено парче или
компресиран воздух)
•
Работа со алатот
- нагодете ја длабочината на стружење
- поставете го алатот на работната површина
! проверете дали само предниот дел лежи на
работната површина, а ножевите не ја допираат
- вклучете го алатот со притискање на копчето H 2
(= сигурносно копче кое не може да се заклучи) и
потоа со повлекување на прекинувачот J 2
! пред ножевите да ја допрат работната
површина, алатот треба да работи со полна
брзина
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја 9
- цврсто држете го алатот со двете раце и водете го
напред со постојано притискање
- користете го алатот со основата поставена на
површината што се обработува
- не го наведнувајте алатот со цел да избегнете
траги од несакано стружење
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
- исклучете го алатот со ослободување на
прекинувачот J
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
•
За засекување на рабовите, употребете V-жлеб во
предниот чевел q
- поставете го регулаторот D на позиција "0" за
заоблени рабови слични на жлеб
- за поголемо заоблување свртете го регулаторот
D за да ја изберете потребната длабочина за
стругање
! секогаш прво испробајте на парче стар
материјал
•
Многу други совети можете да најдете на
www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
•
Овој алат не е наменет за професионална употреба
•
Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење L 2 )
! пред чистење извадете го алатот од
приклучокот
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
•
Не се ослободувајте од електични алати,
уреди или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 5 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
•
Мерено во согласност со EN 62841 нивото на звучен
притисок е 90 dB(A) а нивото на звучна моќност 101
dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација
5,1 м/с² (векторски збир на трите показатели;
несигурност К = 1.5 м/с²)
•
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
62841; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите делови,
одржување на топлината во вашите раце, и
организирање на вашата работа
88