ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
•
Држете го алатот под напон за изолираните
површини на држење бидејќи сечило може
да го пресече кабелот (ако се пресече жица под
напон, металните делови на алатот се исто така под
напон и може да предизвикаат електричен шок за
работникот)
•
Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
•
Прстите држете ги подалеку од ротирачките ножеви
•
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
•
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
•
Ако дојде до заглавување на некое парченце дрво во
чип аутлетот, исклучете го моторот, проверете дали
сите подвижни делови се во мирување, исклучете го
приклучникот и отстранете го заглавеното парченце
ПО УПОТРЕБА
•
Причекајте сечило да сопре пред да го одложите
алатот (изложени ротирачко сечило може да ја
зафати површината и да доведе до губење на
контролата и сериозна повреда)
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Менување/обратно местење на ножевите 6
•
Овој струг е опремен со издржливи ножеви со
острици од двете страни, така што кога една страна
ќе се истапи, може да се употреби другата страна
! исклучете го алатот и извадете го од
приклучокот
- отстранете ги уредите за водење, ако се вградени
- земете го клучот за одвртување од лежиштето A
- свртете го алатот наопаку
- олабавете 3 навртки B со клучот (не ги вадете
навртките)
- извадете го ножот од блокот за сечење со парче
дрво
- вратете го ножот во блокот за сечење во обратна
положба, или употребете нов нож
! жлебот во ножот треба да се совпаѓа со
исфрлениот дел во блокот за сечење
! и двата краја на ножот треба да бидат еднакво
исфрлени
- затегнете 3 навртки B со клучот
! променете/заменете ги ножевите на време;
користете само остри ножеви
! секогаш сменете/заменете ги ножевите во исто
време
! не се обидувајте да ги нагодите ножевите
со навртките C од делот за сечење, коишто
претходно се нагодени при производството
•
Нагодување на длабочината на стружење 7
- вртете го регулаторот D во правецот "+"/"-" за
зголемување/намалување на длабочината на
стругање
- користете индикатор E како показател
- секогаш одберете мала длабочибна за стругање
и повторете го стружењето и процесот на
нагодување се додека не се постигне саканата
длабочина
•
Излез за деланки 8
- изберете ја саканата страна за излез на деланките
(одлево или оддесно) со прекинувачот F
- поврзете ја правосмукалката за избраниот излез
за деланките G како што е прикажано на сликата
! не обидувајте се да отстранувате препреки кај
излезот за деланките кога ротираат сечивата
•
Сигурносна потпора H 9
- ја заштитува работната површина од оштетување
додека алатот не е во употреба
- автоматски се превиткува назад за време на
стружењето
•
Работа со алатот
- нагодете ја длабочината на стружење
- поврзете го приклучокот во штекер (светилката J
се вклучува посочувајќи дека алатот е вклучен во
струја) q
- поставете го алатот на работната површина
! проверете дали само предниот дел лежи на
работната површина, а ножевите не ја допираат
- вклучете го алатот со притискање на копчето K 2
(= сигурносно копче кое не може да се заклучи) и
потоа со повлекување на прекинувачот L 2
! пред ножевите да ја допрат работната
површина, алатот треба да работи со полна
брзина
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја w
- цврсто држете го алатот со двете раце и водете го
напред со постојано притискање
- користете го алатот со основата поставена на
површината што се обработува
- не го наведнувајте алатот со цел да избегнете
траги од несакано стружење
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
- исклучете го алатот со ослободување на
прекинувачот L
•
Стружење жлебови e
- одберете ја саканата длабочина на стружење
- изберете ја длабочината за жлебови преку
регулаторот за одредување длабочина на
жлебовите (дополнителна опрема на SKIL
2610394022)
- поставете го алатот на работната површина
- почнете со стружењето
- максимална широчина на жлебот 82 мм
- максимална длабочина на жлебот 18 мм
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
•
Во текот на стружењето можеда се користи вреќичка
за прашина (SKIL дополнителен дел 2610394020)
•
Користете V-жлеба на предната страна за
заоблување рабови r
- изберете еден од 2 V-жлеба M
- поставете го регулаторот D на позиција "0" за
заоблени рабови слични на избраниот жлеб
94