Bosch Uneo Maxx Manual Original página 163

Ocultar thumbs Ver también para Uneo Maxx:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура (20) во
правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа
може да се затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот „Дупчење/Ударно
дупчење" (4) во позиција „Дупчење".
Вадење на алати за вметнување без SDS-Quick (види
слика F)
Држете ја цврсто задната чаура (21) на
брзозатегнувачката глава за дупчење и свртете ја
предната чаура (20) на истата во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека не се извади алатот.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Користете само оригинални Boschлитиум-јонски
u
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
алат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
– Прекинувачот за менување на правецот на вртење (7)
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија (10) вметнете ја во
рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на
рачката.
Подесување на режимот на работа
Со прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење" (4)
изберете го начинот на работа на електричниот алат.
– За промена на начинот на работа притиснете го
копчето за отклучување  и свртете го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (4) во саканата позиција.
Bosch Power Tools
Напомена: Променете го режимот на работа само
доколку електричниот алат е исклучен! Инаку
електричниот алат може да се оштети.
– За промена на начинот на работа свртете го
прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење " (4) во
саканата позиција.
Позиција за Ударно дупчење во бетон
или камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
Завртување
Подесување на правецот на вртење (види слика G)
Прекинувачот за менување на правецот на
u
вртење (7) активирајте го само кога електричниот
алат е во празен од.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) е притиснат ова не е
возможно.
– Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (7) налево до крај.
Приказот за правец на вртење со десен тек (5)
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) и доколку
моторот работи.
– Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
и навртки притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење (7) кон десно до крај.
Приказот за правец на вртење со лев тек (6)
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) и доколку
моторот работи.
Вклучување/исклучување
– За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) и држете го притиснат.
Светлото (11) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (8) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
На ниски температури електричниот апарат дури по
одреден период го постигнува целосниот капацитет на
удари.
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Подесување на бројот на вртежи/удари
– Регулирајте го бројот на вртежи/удари на вклучениот
електричен алат бесстепено, во зависност од тоа колку
Македонски | 163
1 609 92A 6DK | (01.07.2021)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido