користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (5).
Не го користете електричниот алат, доколку е
u
оштетена дополнителната рачка. Не ја менувајте
дополнителната рачка.
Навртете ја дополнителната рачка (5) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Заштитна плоча
Монтирајте ја заштитната плоча (4), за да обезбедите
подобра заштита од жешкиот воздух кој излегува од
отворите за вентилација на електричниот алат.
Заштитната плоча (4) се прицврстува заедно со
дополнителната рачка (5).
Монтирање на алати за полирање
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Исчистете го адаптерот (6) или (7) и сите делови за
монтирање.
Завртете го адаптерот (6) или (7) во електричниот алат.
Држете го адаптерот на електричниот алат со
вилушкастиот клуч. (13).
Врз основа на големината на опремата, завртете го
адаптерот (6) или (7) со двата вилушкасти клучеви (13)
во правецот на стрелките на часовникот.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Bosch Power Tools
Леплив диск
Завртете го лепливиот диск (8) во правецот на стрелките
на часовникот на адаптерот (6) или (7).
Прицврстете го рамниот сунѓер за полирање (9) или
перничето од јагнешка волна (10) или брановидниот
сунѓер за полирање (11) на лепливиот диск (8).
Дискови за полирање со сунѓер
Завртете ги дисковите за полирање со сунѓер (12) во
правецот на стрелките на часовникот на адаптерот (6)
или (7).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (3).
Македонски | 139
1 609 92A 3S8 | (11.08.2021)