Ставање Во Употреба; Совети При Работењето; Фино Брусење - Bosch Professional GEX 125-1 A Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para Professional GEX 125-1 A:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-315-005.book Page 140 Thursday, November 27, 2014 9:23 AM
140 | Македонски
За да ја испразните кутијата за прав 3 извлечете ја вртејќи
надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав 3, тропнете со неа на
цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја
отстраните правта од филтерот.
Фатете ја цврсто кутијата за прав 3, преклопете го
филтерот 9 нагоре и испразнете ја кутијата за прав.
Исчистете ги ламелите на филтерот 9 со мека четка.
Надворешно вшмукување (види слика D)
Ставете го цревото за вшмукување 10 на млазниците за
издувување 8. Поврзете го цревото за вшмукување 10 со
вшмукувач за прав. Прегледот за приклучување на
различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство за употреба.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат,
навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување 1
кон десно во позиција „I".
За да го исклучите електричниот апарат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 1 кон лево во
позиција „0".
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Претходно избирање на број на осцилации
(GEX 125-1 AE)
Со копчето за подесување на бројот на осцилации 2 може
да го изберете потребниот број на вртежи и за време на
користењето на апаратот.
1–2
низок број на осцилации
3–4
среден број на осцилации
5–6
висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
1 609 92A 0ZY | (27.11.14)
Кочница на брусниот диск
Вградената кочница на брусниот диск го намалува бројот
на осцилации при празен од, така што при ставањето на
електричниот апарат на делот што се обработува, се
спречува создавањето на гребнатини.
Доколку бројот на осцилации при празен од постојано се
накачува со текот на времето, тоа значи дека брусниот
диск е оштетен и мора да се замени или пак значи дека
кочницата на брусниот диск е истрошена. Истрошената
кочница на брусниот диск мора да се замени од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Совети при работењето
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
За да можете неуморно да работите, во зависност од
употребата, можете да го држите електричниот апарат од
горната страна, странично или од напред (види слика E).
Брусење на површини
Вклучете го електричниот апарат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и сликата на брусење во
главно се одредуваат преку изборот на брусен лист,
претходно избраниот степен на број на осцилации
(GEX 125-1 AE) како и притисокот при контакт со
површината.
Само беспрекорните брусни листови може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот апарат.
Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го
зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.
Прекумерното зголемување на притисокот врз
површината не води кон зголемен капацитет на брусење,
туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и
брусниот лист.
Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch опрема за брусење.
Грубо брусење
Поставете брусен лист со груба гранулација.
Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со
поголем број на вртежи и да се постигне поголем
капацитет на отстранување на материјалот.
Фино брусење
Поставете брусен лист со фина гранулација.
Со лесна варијација на притисокот при контакт со
површината одн. промена на степенот на бројот на
осцилации (GEX 125-1 AE) може да се намали бројот на
осцилации на брусниот диск, при што се задржува
ексцентричното движење.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gex 125-1 aeGex 125-1 a professionalGex 125-1 ae professional

Tabla de contenido