Makita EY403MP Manual De Instrucciones página 262

Accesorio para sierra de extensión
Ocultar thumbs Ver también para EY403MP:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 61
4.
По полнењето гориво, внимателно
затегнете го капачето на резервоарот за
гориво и проверете да не протекува гориво.
Поместете се на најмалку 3 м (10 стапки) од
изворот и местото за полнење гориво пред
да го стартувате моторот.
5.
Транспортирајте го и складирајте го
горивото само во одобрени садови. Држете
ги децата подалеку од складираното гориво.
Стартување на алатот
1.
Носете лична заштитна опрема пред да го
стартувате алатот.
2.
Пред да го стартувате алатот, осигурете се
дека нема луѓе или животни во работната
област.
3.
Кога ја монтирате касетата за батерија или
го стартувате моторот, држете ги синџирот
на пилата и насочувачката шипка подалеку
од вашето тело и другите предмети,
вклучувајќи ја земјата. Синџирот на пилата
може да се придвижи кога ќе се стартува и
може да предизвика сериозна повреда или
оштетување на синџирот на пилата и/или
имотот.
4.
Ставете го алатот на цврста земја.
Одржувајте добра рамнотежа и стабилна
положба на нозете.
5.
Проверете дали има доволна разлика
помеѓу работа во празен од и работната
брзина за да се осигурите дека додатокот
мирува кога моторот работи во празен од
(ако е потребно, намалете ја брзината на
работа во празен од).
6.
Доколку синџирот на пилата се движи во
празен од, запрете го моторот и намалете ја
брзината во празен од.
Работење
1.
Во итен случај, веднаш исклучете го алатот.
2.
Ако забележите каква било необична
состојба (на пример бучава, вибрации) при
работата, исклучете го алатот. Не користете
го алатот додека не се открие причината и
разреши дефектот.
Синџирот на пилата продолжува да се
3.
движи кратко време откако алатот ќе се
исклучи. Не брзајте да го допрете синџирот
на пилата.
4.
При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете го алатот цврсто од вашата
десна страна.
5.
Држете ја предната дршка или предната
рачка со левата рака, а задната дршка со
десната рака, без оглед дали сте деснак или
левак. Свиткајте ги прстите и палците околу
дршките или рачките.
6.
Држете го алатот само за изолираните
држачи затоа што синџирот на пилата
може да дојде во допир со скриени жици.
Синџирот за пилата што ќе допре „жива"
жица може да ги направи „живи" изложените
метални делови на алатот за кастрење со
продолжен домет и да предизвика струен удар
на операторот.
7.
Никогаш не обидувајте се да работите со
алатот со една рака. Ако загубите контрола,
може да дојде до сериозна или фатална
повреда. За да го намалите ризикот од
повреди, чувајте ги рацете и стапалата
подалеку од синџирот на пилата.
8.
Не пресегајте предалеку. Одржувајте добра
стабилност и рамнотежа со нозете цело
време. Внимавајте на скриени пречки, како
на пример трупци, корења и дупки, за да
избегнете сопнување. Тргајте ги паднатите
гранки и другите предмети од патот.
9.
Никогаш не работете качени на скала или на
дрво за да избегнете губење на контролата.
10. Ако алатот се здобие со тежок удар или
пад, проверете ја неговата состојба пред
да продолжите со работа. Доколку има
какво било оштетување или сомнеж за
тоа, побарајте проверка и поправка од
овластениот сервисен центар на Makita.
Не допирајте ја главата на алатот. Главата на
11.
алатот се вжештува за време на работата.
12. Одморајте се за да спречите губење на контролата
заради замор. Препорачуваме да правите паузи за
одмор од по 10 до 20 минути на секој час.
13. Кога го оставате алатот, дури и за кратко
време, секогаш исклучувајте го и вадете
ја касетата за батеријата или капачето на
свеќичката. Алатот што работи, а е без надзор,
може да биде употребен од неовластено лице
и да предизвика сериозна несреќа.
14. Кога работите со алатот, не дигајте ја
десната рака над висината на рамената.
15. За време на работењето, никогаш не
удирајте го синџирот на пилата од тврди
пречки како камења и шајки. Особено
внимавајте кога сечете гранки до ѕидови,
жичени огради или слично.
16. Доколку во алатот се зафатат гранки, секогаш
запрете го алатот и извадете ја касетата за
батеријата или капачето на свеќичката. Во
спротивно, ненамерното стартување може да
предизвика сериозна повреда.
17. Доколку синџирот на пилата се заглави,
секогаш исклучете го алатот и извадете
ја касетата за батерија или капачето на
свеќичката пред чистење.
18. Забрзувањето на алатот кога е блокиран
синџирот на пилата го зголемува
оптоварувањето и ќе го оштети алатот.
19. Пред да сечете израстоци, чувајте
ја областа за бегање подалеку од
израстокот што паѓа. Прво, расчистете ги
попречувањата како израстоци и гранки од
работната област. Преместете ги алатите и
предметите од областа за бегање на друго
безбедно место.
20. Пред да сечете гранки и израстоци,
проверете ја насоката на нивното
паѓање, земајќи ја предвид состојбата
на гранките и израстоците, дрвата во
близина, насоката на ветрот итн. Целосно
внимавајте на насоката на паѓањето, како и
отскокнувањето на гранките што паѓаат на
земјата.
262 МАКЕДОНСКИ

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

191t38-7

Tabla de contenido