Makita EM407MP Manual De Instrucciones Original página 323

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 64
Држете ја машината така што сечилото ќе биде
паралелно со земјата. Стартувајте ја машината додека
сечилото нема контакт со земјата и со тврди предмети.
Нагодете ја машината на соодветна брзина на ротацијата
за тревата што се сече. Малата брзина на ротацијата
може да ја заплетка исечената трева во сечилата.
За сечење трева, продолжете напред додека
рамномерно замавнувате со машината во
полукругови од десно налево, како што се користи
коса. Нагодете ја брзината на замавнувањето
согласно тревата што треба да се сече.
► Сл.9
НАПОМЕНА: Горното сечило и долното сечило
ротираат во спротивни насоки едно од друго.
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
проверувате или одржувате опремата,
исклучете го моторот и извадете го капачето
на свеќичката или касетата за батерија. Во
спротивно, алатот за сечење и другите делови
може да се придвижат и да резултираат со
сериозна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
или одржување на опремата, секогаш ставајте
ја долу. Склопувањето или нагодувањето
на опремата во исправена положба може да
резултира со сериозна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ги предупредувањата и мерките на
претпазливост во поглавјето за безбедносни
предупредување и упатството за користење на
уредот за напојување.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Целокупна проверка
Стегнете ги лабавите завртки, навртки и
шрафови.
Проверете дали има оштетени делови и
ножеви. Побарајте во нашиот овластен
сервисен центар да ги заменат ако има
потреба.
Чистење на алатот
Чистете го додатокот, така што ќе ја избришете
прашината, нечистотијата или отсечената трева
со сува крпа или крпа натопена во сапуница,
па исцедена. Извадете ги исечената трева или
нечистотијата што се залепени на сечилото.
Пред да ја
При проверка
Следете
323 МАКЕДОНСКИ
Демонтирање на сечилата
ВНИМАНИЕ:
Носете ракавици секогаш
кога ќе ги демонтирате сечилата.
При чистење, острење или заменување на сечилата,
демонтирајте ги со следнава постапка:
1.
Извадете го капакот за сечила.
2.
Поставете го окастиот клуч врз навртката.
Ротирајте ги окастиот клуч така што отворот во
долното сечило се порамнува со отворот во горното
сечило.
► Сл.10: 1. Окаст клуч 2. Отвор во долното сечило
Погледнете во отворот во долното сечило за да
проверите дали е порамнет правилниот отвор во
горното сечило. Во горното сечило има игли и два типа
на отвори: како вистински круг и овален. Порамнете
го отворот како вистински круг со отворот во долното
сечило и потоа вметнете го имбус-клучот во отворите.
► Сл.11: 1. Отвор во долното сечило 2. Отвор
како вистински круг во горното сечило
3. Овален отвор во горното сечило
4. Игла
► Сл.12: 1. Долно сечило 2. Горно сечило
3. Имбус-клуч
НАПОМЕНА: Изберете го отворот како вистински
круг во горното сечило погледнувајќи го следниве
информации:
Кога го ротирате долното сечило налево,
отворот како вистински круг доаѓа по иглата.
Кога овалниот отвор ќе се порамни со
отворот во долното сечило, ќе може да
го вметнете имбус-клучот, но има многу
повратна реакција.
Кога иглата ќе се порамни со отворот во
долното сечило, ќе може да го видите навојот
за шрафот во неа. Во овој случај, нема да
може целосно да го вметнете имбус-клучот.
ВНИМАНИЕ:
Не ставајте ги прстите
на сечилото кога се ротира окастиот клуч.
Сечилата се ротираат додека го ротирате окастиот
клуч и може да предизвикаат телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш користете го
окастиот клуч кога ги порамнувате отворите во
горното и долното сечило.
3.
Додека го вметнувате имбус-клучот, свртете
ја завртката надесно со окастиот клуч за да ја
разлабавите завртката.
► Сл.13: 1. Окаст клуч 2. Имбус-клуч
4.
Извадете ги завртката, шајбната за стега и
држачот заедно со долното сечило.
► Сл.14: 1. Завртка 2. Шајбна за стега 3. Држач (за
долно сечило) 4. Долно сечило
5.
Кога го притискате горното сечило, ротирајте
го налево за да ја позиционирате иглата како што е
прикажано на сликата. Потоа подигнете го горното
сечило од држачот за да го извадите.
► Сл.15: 1. Горно сечило 2. Држач (за горно
сечило) 3. Игла

Publicidad

Tabla de contenido

Solución de problemas

loading

Tabla de contenido