Македонски
Преглед на содржината
За вашата безбедност . . . . . 159
Mонтирање . . . . . . . . . . . . . . 161
Делови за ракување и
покажувачи . . . . . . . . . . . . . . 161
Ракување . . . . . . . . . . . . . . . 161
Транспорт . . . . . . . . . . . . . . . 163
Одржување/Чистење . . . . . . 164
Ставање во мирување . . . . . 164
Гаранциjа . . . . . . . . . . . . . . . 165
Информациjа за моторот . . . 165
Откривање и отстранување
на пречките . . . . . . . . . . . . . . 165
Податоци на фабричката
табличка
Овие податоци се многу важни за
подоцнежна идентификациjа за
нарачка на резервни делови за
уредот и за сервисната служба.
Типската ознака ќе jа наjдете во
близина на моторот. Внесете ги
сите податоци од типската
ознака на вашиот уред во
следното поле.
Овие и другите податоци за
уредот се наоѓаат на посебната
изjава за согласност со СЕ, што е
составен дел од ова упатство за
користење.
Прикази со слика
Отворете ги страниците со слики
на почетокот на упатството за
ракување.
Во ова упатство за ракување се
опишуваат различни модели.
Графичките прикази може во
детали да отстапуваат од
купениот уред.
За вашата безбедност
Kористете го уредот
правилно
Овој уред е наменет исклучиво
за
– користење соодветно на
описите и безбедносните
совети наведени во ова
упатство за работа;
– како косилка со конец, за
косење во подрачjето на
куќната градина и градината за
слободното време.
Секое друго користење не е
соодветно на намената.
Kористењето кое што не е
соодветно на намената
повлекува како последица
губење на гаранциjата и
одбивање на секаква
одговорност од страна на
производителот. Kорисникот
одговара за сите штети на трети
лица и на нивниот имот.
Самоволните промени на уредот
jа исклучуваат одговорноста на
производителот за штетите што
ќе произлезат од тоа.
Внимавајте на
безбедносните совети и
советите за ракување
Kако корисник на овоj уред
прочитаjте го внимателно ова
упатство за ракување пред
првото користење. Постапуваjте
според него и зачуваjте го за
подоцнежна употреба.
Hикогаш не им дозволуваjте на
децата или другите лица кои не
се запознаени со ова упатство за
ракување да го користат уредот.
При промена на сопственикот
предаjте го упатството за
ракување заедно со уредот.
Општи безбедносни
напомени
Во ова поглавjе ќе ги наjдете
општите безбедносни совети.
Предупредувањата што посебно
се однесуваат на одредени
делови од уредот, функции или
деjства ќе ги наjдете на
соодветното место во ова
упатство.
Упатство за употреба
Пред работата со уредот
При замор и болест, уредот не
смее да се користи.
Лицата што го користат уредот
не смее да бидат под влиjание на
алкохол, дрога или лекови.
Лица под 16 години не смеат да
ракуваат со уредот или да
извршуваат други работи, како
на пр. одржување, чистење,
местење на уредот – локалните
одредби може да ја утврдуваат
минималната возраст на
корисникот.
Овоj уред не е наменет за
ракување од лица (вклучуваjќи
деца) со ограничени физички,
сензорни или ментални
способности или со недостаток
на искуство и/или недостаток на
знаење, освен во случаj кога ги
надгледува лице што е
задолжено за нивната
безбедност или од него добиваат
упатства за користење на
уредот.
Децата треба да се
надгледуваат заради сигурност
дека нема да играат со уредот.
Пред почнување со работа
запознаjте се со сите направи и
елементи за ракување, како и со
нивните функции.
Чуваjте го погонското гориво
само во за тоа дозволени садови
и никогаш во близина на
топлински извори (на пр. печки
или боjлери). Полнете го уредот
со гориво само на отворено.
Hикогаш не го полнете уредот
додека моторот работи или е
врел.
Заменете jа оштетената издувна
цевка, резервоарот или
поклопецот за гориво.
Пред користење проверете дали
се истрошени или оштетени
главата за режење, заштитата од
удар и одбојникот. Истрошените
или оштетени делови заменете
ги во специјализиран сервис.
Резервните делови и приборот
мораат да одговараат на
барањата кои што се утврдени
од производителот.
159