Мaкeдohcки - AEG SB2E 850 RZ Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини
за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот
може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот
кабел за напојување со струја. Контакт со жица под напон
исто така ќе направи проводници од металните делови и оној кој
ракува со алатот ќе доживее струен удар.
БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ЗАШТРАФУВАЊЕ
Држете го електричниот алат за издадените површини
при изведување на операции при кои завртката може
можат да дојдат во контакт со скриени жици или
сопствениот гајтан. Контактот на навртката со вод под напон
може да ги стави металните делови од апаратот под напон и да
доведе до електричен удар.
Останати безбедносни и работни упатства
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни
ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита
за уши.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната
површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да
го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат
да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш
да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно
додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело
да дојде до повратен удар со висок момент на реакција.
Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на
употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за
безбедност.
Можни причини за тоа може да бидат следните::
• Закантување во парчето кое што се обработува
• кршење на материјалот што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане
многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете
го кабелот од струјата.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електронската дупчалка/шрафцигер може да биде користена
универзално за дупчење, перкусионо дупчење, зашрафување
исечење на шрафови.
ГЛАВНИ ВРСКИ
Уредите кои се користат на многу различни локации
вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за
струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон
наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на
приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува
на безбедност од 2 класа.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво
машината е исклучена.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Доколку машината воглавном се користи за удирачко дупчење,
редовно чистете ја насобраната прашина од продолжетокот.
За да го направите тоа држете ја машината свртена со главата
надолу вертикално и потполно отворете ја и затворете ја
главата. Насобраната прашина ќе падне од неа. Се препорачува
редовно користење на клинер за стегите и затегачите.
Доколку приклучниот вод на електричното орудие е оштетено,
ќе мора да се замени со специјално подесен вод кој што може
да се добие преку сервисната организација.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Секогаш кога преземате активности врз машината
исклучете го кабелот од струјата.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад. Електричните и електронсите
апарати треба да се собираат одделно и да се однесат
во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад
со начелата за заштита на околината. Информирајте се
кај Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Електрично орудие од заштитната категорија II.
Електрично орудие чијашто заштита од електричен
удар не зависи само од основната изолација туку и од
тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни
мерки како што се двоструките изолации или
појачаната изолација.
UkrSEPRO знак на конформитет.
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
English
Македонски
67
Mak

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Sb2e 1100 rvz

Tabla de contenido