КОНКРЕТНИ ПРАВИЛА
ЗА БЕЗБЕДНОСТ
НА БАТЕРИЈАТА
1. Пред да ја користите батеријата, прочитајте ги сите
упатства и ознаки за внимателност на (1) полначот
за батерија, (2) батеријата и (3) производот што ја
користи батеријата.
2. Не расклопувајте ја батеријата.
3. Ако времето на работење стане значително
пократко, веднаш престанете со работење. Тоа
може да доведе до ризик од прегревање, можни
изгореници па дури и експлозија.
4. Ако ви навлезе електролит во очите, исплакнете
ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска
помош. Тоа може да доведе до загуба на вашиот
вид.
5. Не предизвикувајте краток спој на батеријата:
(1) Не допирајте ги половите со каков било
материјал што е проводник.
(2) Избегнувајте чување на батеријата во сад со
други метални предмети како шајки, парички и
сл.
(3) Не изложувајте ја батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да предизвика
голем проток на струја,прегревање, можни
изгореници па дури и распаѓање.
6. Не складирајте го алатот и батеријата на места
каде што температурата може да достигне или
надмине 50 °C(122°F).
7. Не палете ја батеријата дури и ако е сериозно
оштетена или е потполно истрошена. Батеријата
може да експлодира во оган.
8. Внимавајте батеријата да не ви падне или да не ја
удрите.
9. Не употребувајте оштетена батерија.
10. За да се избегне ризикот, треба да се прочита
упатството за замена на батеријата пред
употребата. Исто така максималната струја на
празнење на батеријата треба да биде поголема од
или еднаква на 8A.
11. Литиум јонските батерии што се користат се
подложни на барањата на легислативата за
опасни стоки. За трговски транспорти како на пр.
од други лица, шпедитери, мора да се следат
посебни барања за поминат рок на пакувањето и
означување.
За подготовка на производот за испорака, потребно
е консултирање на експерт за опасни материјали.
Ве молиме исто така следете ги веројатно
подеталните национални прописи.
Залепете ги со трака или изолирајте ги отворените
полови и спакувајте ја батеријата на таков начин за
да не може да се движи низ пакувањето.
12. Следете ги вашите локални прописи во врска со
фрлањето на батеријата во отпад.
13. Користете ги батериите само со производите
посочени од Makita. Инсталирањето на батериите
на несоодветни производи може да предизвика
пожар, прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролити.
ВНИМАНИЕ:
•
Опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета.
•
Менувајте само со ист или еквивалентен тип.
•
Користете само оригинални батерии Makita.
Користењето на неоригинални батерии Makita,
или батерии што се изменети може да доведе до
експлозија на батеријата предизвикувајќи пожар,
лична повреда и штета. Тоа исто така ќе ја поништи
гаранцијата на Маkita за алатот и полначот Makita.
Совети за одржување на максимален век на траење
на батеријата
1. Сменете ја батеријата пред потполно да се
испразни. Секогаш запирајте со работа со алатот
и сменете ја батеријата кога ќе забележите помала
моќност на алатот.
2. Никогаш не полнете целосно наполнета батерија.
Прекумерното полнење го скратува работниот век
на батеријата.
3. Полнете ја батеријата на собна температура на
10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F). Дозволете жешката
батерија да се олади пред да ја полните.
4. Наполнете ја батеријата ако не ја користите долг
период (повеќе од шест месеци).
Објаснување на општ приказ(сл.1)
1. Брава на просторот за батерија
2. Табла за ставање на мобилен (телефон)
3. Копче за спарување со Bluetooth
4. Копче за намалување на звук
5. Копче за зголемување на звук
6. Копче за следна папка
7. Копче за следна нумера/Копче за брзо
премотување напред
8. Индикатор за макс. или мин. звук/Индикатор за
ниско ниво на батерија
9. Индикатор за Bluetooth/Индикатор за порта за
аналоген аудио сигнал - Aux in /USB индикатор
10. Копче за претходна нумера/Копче за премотување
наназад
11. Копче за претходна папка
12. Копче за напојување
13. Копче за извор
14. Копче за репродукција/пауза
15. Звучник
16. Рачка
17. Приклучок за еднонасочна струја
18. Приклучок за аналоген аудио звук
19. Приклучок за полнење преку USB
20. Капак на просторот за чување мобилен
21. Отвор за кабел
22. Простор за чување мобилен телефон
110 МАКЕДОНСКИ