Makita DMR201 Manual De Instrucciones página 114

Ocultar thumbs Ver también para DMR201:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 39
употреба. За целосно исклучување на звучникот
од напојувањето, приклучокот за напојување
треба целосно да се исклучи од приклучницата за
напојување.
• Користете го само адаптерот за напојување со
наизменична струја што е доставен со производот
или посочен од Makita.
• Не држете го кабелот за електрично напојување
и приклучокот со устата. Доколку направите така
може да дојде до струен удар.
• Не допирајте го приклучокот за напојување со
влажни или масни раце.
• Ако кабелот е оштетен, истиот да се замени од
страна на нашиот овластен сервисен центар за да
се избегне ризик по безбедноста. Не употребувајте
го пред поправката.
• По употребата, секогаш чувајте го адаптерот за
напојување со наизменична струја подалеку од
дофат на деца. При играњето на децата со кабелот,
може да настанат повреди.
Приклучок за напојување преку УСБ
Овој приклучок може да се користи за полнење на
мобилен телефон или кој било друг уред што користи
помалку од 2.1A на еднонасочна струја. Полнењето ќе
се случува само кога звучникот е вклучен.
Забелешка: Проверете дали спецификациите на
вашиот надворешен уред како мобилен телефон,
mp3 плеер или iPod се компатибилни со звучникот.
Ве молиме прочитајте го упатството за употреба на
вашиот надворешен уред пред полнењето.
ВАЖНО:
• Пред поврзувањето на УСБ-уредот со полначот,
секогаш направете резервна копија на вашите
податоци од УСБ-уредот. Во спротивно може да
дојде до загуба на вашите податоци.
• Полначот може да не доставува енергија до некои
УСБ-уреди.
• Кога не се користи или по полнењето, отстранете го
УСБ-кабелот и затворете го капакот.
• Не поврзувајте извор на енергија на УСБ-портата.
Во спротивно постои ризик од пожар. УСБ-
портата е наменета само за полнење на уреди
со понизокнапон. Секогаш затворајте го капакот
врз УСБ-портата кога не го полните уредот со
понизокнапон.
• Не вметнувајте шајка, жица или слично во портата
за напојување преку УСБ. Во спротивно краток спој
може да предизвика чад и пожар.
• Не поврзувајте го овој приклучок за УСБ со вашата
УСБ-порта на компјутерот, бидејќи постои голема
веројатност тоа да предизвика оштетување на
уредите.
Спојување и поврзување на уред
со звучникот
Треба да го спарите вашиот уред со Bluetooth со
звучникот пред да може автоматски да го поврзете
за репродукција/пренесување музика преку Bluetooth
низ звучникот. Спарувањето создава „врска" така што
двата уреда може да се препознаат еден со друг.
За да имате подобар квалитет на звук, препорачуваме
да ја поставите јачината на звук на повеќе од две
третини од нивото на вашиот уред со Bluetooth, а потоа
да ја прилагодите јачината на звукот на звучникот како
што е потребно.
Спарување и пуштање на вашиот
Bluetooth уред за прв пат
1. Притиснете го копчето за напојување
вклучите звучникот и индикаторот за Bluetooth ќе
светка сино. Индикаторот светка со брзо трепкаво
сино светло укажувајќи дека звучникот може да се
открие.
2. Активирајте Bluetooth на вашиот уред според
корисничкото упатство за тој уред за да го поврзете
со звучникот. Лоцирајте го списокот со Bluetooth
уреди и изберете го уредот именуван како„ DMR201
". Со некои мобилни телефони (кои се опремени со
постари верзии од BT2.1 Bluetooth уред), можеби
ќе биде потребно да го внесете кодот за пристап
„0000".
3. Штом ќе се поврзе, ќе се слушне звучен сигнал
и индикаторот за Bluetooth ќе свети во стабилна
сина боја. Може едноставно да изберете и да
репродуцирате каква било музика од вашиот
изворен уред. Контролата на звукот може да се
прилагодува од вашиот изворен уред, или директно
од звучникот.
4. Користете ги контролите на вашиот уред оспособен
за Bluetooth или на звучникот за да репродуцирате/
паузирате и управувате со нумери.
Забелешка:
1. Ако 2 Bluetooth уреди, кои се спаруваат за прв пат,
го бараат вашиотзвучникот, тој ќе ја покаже својата
достапност на двата уреда. Сепак, ако еден уред
прв се поврзе со звучникот, тогаш другиот Bluetooth
уред нема да може да го најде на списокот.
2. Ако вашиот Bluetooth уред е времено исклучен од
вашиот звучник, тогаш треба повторно рачно да го
поврзете вашиот уред со звучникот.
3. Ако „ DMR201 " се прикажувана списокотсо вашиот
Bluetooth уред, но вашиот уред не може да се
поврзе со него, ве молиме избришете ја ставката
од вашиот список иповторно спарете го уредот со
звучникот, следејќи ги чекорите опишани претходно.
4. Ефективниот работен опсег помеѓу системот и
спарениот уред е приближно 10 метри (30 стапки).
Каква било пречка помеѓу системот и уредот може
да го намали работниот опсег.
5. Резултатите од поврзувањето преку Bluetooth може
да се разликуваат во зависност од поврзаните
Bluetooth уреди.Ве молиме погледнете ги Bluetooth
способностите на вашиот уред пред да се поврзете
со вашиот звучник. Сите карактеристики може да не
се поддржани кај некои спарени Bluetooth уреди.
Репродуцирање аудио датотеки во
Bluetooth режим
Кога успешно сте го поврзале вашиот звучник со
избраниот Bluetooth уред, вие може да започнете
113 МАКЕДОНСКИ
за да го

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido